Големо признание за рудник САСА, ССМ ја прогласи за најдоба компанија во државата за неделава

Македонска Каменица, 02.05.2020

Сојузот на синдикати на Македонија го прогласи рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица за најдобра компанија оваа недела.

Честитката за најдобриот стопански колектив во Источниот плански регион и еден од најдобрите во секој поглед во државата дојде во посебно време – за Први Мај, светскиот Ден на трудот.

Посебна тежина ова признание добива во сознанието дека е дојдена од Сојузот на синдикатите на Македонија, што имплицира сознание дека синдикатите како заштитиници на работнички права се исклучително задоволни од тоа што САСА го прави за благосостојбата на своите над 700 вработени но и за националната економија.

Додека во многу компании платите на вработените се намалуваат поради корона вирусот, рудникот САСА ги зголеми примањата на рударите за пет проценти.

Во исто време рудникот исплати премија (бонуси) на сите вработени.

Во времето на пандемијата од Ковид – 19 САСА воведе дополнителни мерки и протоколи за заштита на здравјето на своите вработени.

Конечно, рудникот донираше 125.000 евра за борба против Ковид-19. (За тоа каде отиде донацијата во понеделник).

Од ССМ Ова е примерот што треба да се следи!

Пет факти  за Рудник САСА за изборот на „Компанија на неделата“ што го спроведува ССМ

  • Приоритет број еден на Рудник САСА и за време на оваа криза предизвикана од Ковид-19 пандемијата се здравјето, безбедноста и благосостојбата на сите вработени и на локалната заедница. Компанијата ги задржа сите работни места и продолжи со редовна исплата на платите, а спроведе и повеќе од 50 мерки за безбедноста и здравјето на сите вработени. Намерата е да се одржи континуитетот на производството и испораката на оловен и цинков концентрат се додека тоа е возможно и безбедно за вработените и добавувачите.
  • Покрај редовните плати, вработените во Рудник САСА добија и премија (квартален бонус) за нивниот придонес во безбедно и успешно исполнување на планираните производствени параметри. И покрај сите предизвици предизвикани од Ковид-19 пандемијата, Рудник САСА ги постигна производствените таргети за првиот квартал од 2020.
  • Од почетокот на 2020-та платите на вработените во Рудник САСА се зголемени во просек за дополнителни пет проценти. Ова е четврто по ред зголемување на платите во последните три години, откако компанијата Централ Азија Металс, со седиште во Лондон, го презеде рудникот.
  • Уште од почетокот на Ковид-19 пандемијата Рудник САСА воведе дополнителни засилени превентивни мерки и протоколи за заштита на здравјето и безбедноста на своите вработени и добавувачи.

-Обезбедена и поделена е лична заштитна опрема за вработените и жителите на локалната заедница;

-Воведени се засилени хигиенски практики согласно упатствата од здравствените институции;

-Направена е детална ревизија на сите работни операции во целата компанија, вклучително и во рудничката кантина и при транспортот на вработените, за да се обезбеди неопходната физичка (социјална) дистанца;

-Воведена е работа од дома за дел од вработените за кои тоа е возможно;

-Ограничен е пристапот на надворешни посетители во рудникот;

-Воведен е систем за идентификација и засилен мониторинг на здравствената состојба на членовите на тимот кои припаѓаат во најранливата категорија од Ковид-19.

  • Рудник САСА донира над 125.000 евра за различни приоритетни потреби во борбата со Ковид-19 пандемијата, на локално, регионално и национално ниво.

-35.000 евра за набавка на најсовремен медицински апарат за општата болница во Кочани;

-До 25.000 евра се планирани да бидат наменети за набавка на заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиничката болница во Штип каде се лекуваат пациентите со Ковид-19 од целиот источен регион;

-11.000 евра за набавка на заштитни маски, ракавици и дезинфекциски средства за потребите на различни институции и на жителите од локалната заедница;

-5.000 евра за набавка на прехранбени и хигиенски производи наменети за граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата;

-50.000 евра ќе бидат уплатени на сметката на Министерството за здравство наменета за финансирање на потребите на здравствениот систем и заштитата на населението од корона вирусот.

                                                                                                            Ив.Бојаџиски

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе