107 студенти од Турција на Штипскиот универзитет во големо исчекување

Штип, 28.01.2017

На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип студираат и 107 студенти од Турција. Тие се во големо исчекување како ќе се разрешува нивната драма по одлуката на турската влада Турција да не ги признае дипломите издадени од македонските универзитети.

turski-Ние како Универзитет правиме сé што е во рамките на нашите надлежности. Ги почитуваме сите обврски кон интернационалните студенти. Прашањето кое се отвори со студентите од пријателска Турција е прашње кое се решава на ниво на двете држави, на нас е само да ги почитуваме одлуките кои ќе бидат донесени, вели Проф.д-р Кирил Барбарев, проректор за настава на УГД.

Во деветгодишното функционирање на штипскиот државен универзитет на него биле запишани вкупно 370 студенти од Турција од кои 25 веќе дипломирале. Доминантен интерес кај овие студенти има за медицинските науки.

-Досега  никој од турските студенти не дошол да праша за новонастанатата ситуација. Цениме дека тие такви информации добиваат од својата држава. Остануваме во надеж дека оваа работа ќе се среди на најдобар можен начин, а се во интерес на студентите од Турција кои одлично се вклопија во нашата локална заедница и се многу почитувани млади луѓе од штипјани, вели Барбареев.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе