Делчево, 21.10.2020
Деновиве заврши инсталацијата на нова линија за улично осветлување на излезот од Делчево кон градските гробишта. Станува збор за линија долга околу еден километар која води од населбата Расадник кон градските гробишта при што Општина Делчево инвестираше во броило, канделабри и нова линија.
Новата линија е само една од инвестициите во ново улично осветлување во Делчево и селата која се реализира интензивно последниве три години, а со цел да се подобрат условите за живот и безбедноста на граѓаните, градот и населените места да бидат соодветно осветлени, но и законска обврска на општината која се сервисира редовно.
Претходно, нови линии за улично осветлување добија Димовско Маало во с. Драмче и населбата Студена Чешма во с. Очипала и с. Полето. Зголемен број на канделабри, односно улично светилки се поставени на барање на жителите и во населбите Стралиште, Таушанско Маало, 1 Реон, 3 Реон, нас. Расадник, нас. Басарица, Милково Брдо, Ново Делчево, с. Габрово и дел до регионалниот пат до Делчево, с. Ѕвегор и Ѕвегорска Река, с. Вирче, с. Град, с. Тработивиште, с. Стамер и с. Разловци. Дополнителни рефлектори се поставени и на пешачкиот мост.
Во моментов се работи на дислокација на дрвените бандери и нивна замена со бетонски столбови со менување на линијата во целата општина.