(Парафраза на Валентин Константинович Черних: „Москва слазем не верит“!)
Пред нецели две години, 21 мај 2022, додека си ја имавме калимерата, (сосе суетата на Геро!), во “Плус Инфо”, објавив колумна: “Европа на солзите не им верува”!?
Тогаш, се реферирав и провокација ми беше, изјавата на бриселските бирократи дека Европа „веќе чувствувала колку погрешила кон нас!“( Вархеи – Де Силва) на што се залепија некои oвдешни запаленквоци што беше повеќе од наивност. Во политиката нема чувства, има само интереси.
Поентата ми беше: наша неукост, задоцнетото јуначење, откако малку не потапкаа по рамениците, за нашите црвени линии, со што уште повеќе ги забетонира бугарските ровови. Брзоплетоста и наивноста не се добри другарки во политиката!
– Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство – се огласи од Столицата, тогашниот техничкиот министер за надворешни работи Стоев.
Од нашиот тогашен премиер, пак, добивме охрабрување, оти португалското претседателство ќе смисли некаква „креативна стратегија!“.
За жал европјаните не се „креативци!“ до степен како што ние го применуваме правото, кога од затвор вадиме криминалци да ни гласаат закони, да ни менуваат устав и уставно име!
Тогаш, се повикав на делото од Валентин Константинович Черних „Москва слазем не верит“, кое, по негово сценарио, беше преточено во прекрасен филм за трите млади девојки од провинција: Људмила, Антонина и Катерина кои доаѓаат во Москва да си ја испробаат својата среќа, на семеен и љубовен план.
Исто, како и кај Черних – желбите не се сразмерни со можностите! На сплетките и интригите во Москва се опекоа трите наивни девојки, а ние се опековме на Брисел – подеднакво наивни, лесноверни, брзоплети … Така завршуваа сите кои ветуваат, или се надеваат на „лесно ветени брзини!“.
И, ете ја приказната за сплетките и интригите, приказната преточена во овој текст како сторија под нов наслов: “Европа на солзите не им верува”!
– Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство – се огласи од Столицата тогашниот техничкиот министер за надворешни работи Стоев. Истото она што во Минхен пре два дена му ге рече новиот, “нетехнички” министер, на Муцунски!
Софија повтори дека на добрососедските односи гледа само како на добивање потребни гаранции за спроведување на Договорот од 2017 година.
Што се сменило, за последниве две години во однос на Македонија. Ништо. Мала е утехата, искажана од Мицкоски, дека “Европа се балканизира додека Балканот чека да се европеизира”! Истиот оној што плачеше над денешната европска судбина, за Македонија мудрува, како ништо да не се случило:
Било “неопходно е да се почитува она што Северна Македонија го оствари”, но и “многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи, особено Бугарија”, Северна Македонија “целосно да ги исполни своите обврски, кои се предуслoв за формално да ги отвори преговорите.
Уште и ни ги замачка очите со мраз, оти “Имал голема почит кон напорите што Северна Македонија ги направи во минатото за надминување на пречките, особено со Грција. Дури го променила и своето име за да ги надмине овие пречки”!!!
БОЖЈАТА ПРАВДА СТИГНА: АМЕРИКА НЕ ИМ ВЕРУВА НА СОЛЗИТЕ!
И ете, само после нецели две години, за оние кои веруваат во тоа, стигна божјата правда, Сега и Америка не им верува на солзите, со тоа во улогата на трите сестри, однмосно нашата Македонија, во мегувреме преименувана со креативните решенија, во Северна Македонија.
Шефот на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), Кристоф Хојсген, пред два дена, ја заврши со солзи на говорницата, во липање, неутешен, разочаран, понижен и увреѓен, неудостоен,
Ние постарите, од југословенските бремиња, се сеќаваме на босанската рок-по група Хари Мата Хари (Хари Варешановиќ):“Oстави сузе за крај….други ќе неко да их брише.
Aмериканскиот новинар и комунист – Џон Рид кој активно ја подржувал Октомврискара револуција 2017 и бил очевидец на јуришот врз Зимскиот дворец, автор е на романот „10-те дена кои го потресоа светот”.
Прославениот советски режисер Сергеј Ејзенштајн, ја направи првата екранизација на истоименото дело, ектранизирано во повеќе наврати (Ворен Бити – 1981 и Сергеј Бондарчук – 1983 година) а онаа на Ејзенштајн, од 1927, прогласена е за најдобар странски филм од Американското здружение на филмските критичари.
Историјата се повторува понекогаш како судбина, а понекогаш како фарса. Повторно се режира филмот “Десет дена кои го потресоа светот”, откако Доналд Трамп, обелодени дека разговарал 90 минути со Путин за украинската војна. Во континуитет ја испрати својата новоизбрана најверна екипа на Безбеднoсната конференција во Минхен, каде, сега, гледајте чудо, не се понижени трите сестри од Москва, ниту преименуваната Северна Македонија, туку, самиот понижувач – бриселската бирократија, па и цела Европа.
Она што на европјаните во очи им го плеснаа вториот човек на Белата куќа, Венс, специјалниот пратенк за Украина и останата свита, не го јаде ниту клуче! Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс им кажа дека “проблемот не им е ниту Русија, ниту Кина, туку проблемот се самите тие”!
Хегсет ги потсети дека сега мораат повеќе да инвестираат во одбраната, бидејќи присуството на САД нема да трае вечно.
Новата политика на Трамп не им е некаква последица, туку е причина која лежи во самите нив!
Солзите на неутешниот Кристоф Хојсген, се најдобрата илустрација за шлаканицага и испорачаната фактура од Белата кјуќа.
Неутешната Каја Калас, ги задржа министрите за надворешни работи на Унијата да се сретнат уште на маргините на Минхенската безбедносна конференција за да разговараат “за односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и војната во Украина. “Да разменат информации и преглед на последните контакти со претставниците на администрациите на САД и Украина на Минхенската безбедносна конференција“!!!
Претседавасчот на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), Кристоф Хојсген низ солзи мрмори како “не ја исклучува можноста американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс да објави масовно повлекување на американските трупи од Европа, уште за време на форумот во Минхен”.
Во таа паника на исхитрени потези, францускиот претседател Макрон за денеска свика итен состанок на европските лидери за Украина. Но, не на сите. Орбан и така е непосакуван од старата дама, која, овој, пат сака да биде сама!Шефот на унгарската дипломатија, Сијарто, вели дека се повикани само провоените земји и лидери за да ја осуетат иницијативата за мир на Трамп.
- -Елисејската палата соопшти дека средбата е неформална и ќе се одржи попладнево, а на неа ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Отрезнување низ паника, нели?
Фон дер Лајен конечно се сети дека е време Европа да размислува со “менталитет на итност”!
“Шио ми га Ѓуро!”, би рекле северно од нас!
Веле Митаноски