Четири децениои постоење : “Ликовна колонија – Дебрца” во Белчишта испиша историја

Водена со ентузијазмот и повеќе деценоската посветеност на основачот, ликовниот уметник и педагог,  Ѓорѓи Целески, “Интернационална ликовна колонија – Дебрца”,најстара во земјата  и со најбогат фонд ликовни  дела, стаса до својот голем јубилеј – 40 години постоење и успешна дејност.

Годинешното издание, започнува утре навечер, со свеченото отворање во Галеријата на Колонијата, во селото Белчишта, седиштето на руралната општина Дебрца.

Годинава, организаторот – Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, како што приличи за една јубилејна програма, покани 12 афирмирани учесници, од земјата и светот, мегу кои и академскиот ликовен уметник Јордан Манасисески, редовен учесник на Колонијата,  кој,  овој месец одбележа 50 години ликовно создавање, како и присуство на светската ликовна мапа со изложби во најпознатите ликовни метрополи.

Учествуваат уште: Драган Најденовски, Битола, Славица Тамеска, Охрид, Андреј Антевски, Куманово, српските уметтници: Мирослав Крунич и Иван Коцич, потоа  Никола Ненесиќ од Црна Бора, Красимира Друмева од Бугарија, Павлина Боботанова и Ѓулај Ѓоксел  од Турција, Анастас Констандини – Тасо од Албанија и канадскиот ликовен уметник Мајкл Клос.

Зад Ликовната колонија “Дебрца” стои создателство од платна на великани во ликовната уметност, од постарата, но и помладата генерација:академик Димче Коцо, потоа Вангел Наумовски, Јоне Симонче, веќе споменатиот Јордан Манасиевски, потоа Љупчо Стефаноски, Мето Георгиевски, Менде Иваноски, Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Петар Мазев и многу други.

Учество зеле над 200 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји.

Организирани сеоколу 120  изложби во Република Македонија, додека Колонијата соработувала со многу слични од Македонија и другите земји, како и со Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Јубилејот на Ликовната колонија “Дебрца”, во Белчишта, е прилика неизоставно да се потсетиме на основачот, сега покојниот  Ѓорѓи Целески. Знаеше често да ми и каже: “ ја чувствувам како своја рожба, како свое чедо”. Нагласуваше дека ја негува, колку и своите деца и внуци.

Исто така, јубилејот е неизоставна прилика да се споменат најважните помагатели и спонзори кои се вградија во нејзината историја. Главно,  се тоа луге од Белчишта и старата општина Дебрца.

Пред се, Најденко Попоски, основачот на “Охридска Банка”, потоа Јосиф Танески, исто така, банкар од “Шпар Kасе Банка”, професорот и поранешен говернер на Народна Банка, Љубе Трпески, поранешниот министер за одбрана Љупчо Јолески, поранешниот градоначалник Љупчо Којчиноски, општина Дебрца, додека во Белчишта функционираше погонот за автомобилски појаси на “Заставе –Херој Тоза Драговиќ”, помагаше директорот Ркисто Шапкар.

Во делот на медиумите, како новинар, роднокраецот Веле Митаноски, кој, ја следел од почетокот до денес, кога обавувал општествени функции во Скопје, и, како дкиректен помагател, спонзорирал и отворил ликовна изложба, со дела од учесниците,  во КИЦ во Скопје, а како личен пријател на Ѓорѓи, во неговото Црвена Вода, организитрал и спонзорирал еднодневени престојувања на учесниците, кои создаваа во неговиот куќен двор и во импресивниот амбиент на пете кладенци. (крај)

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press