Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се се уште активни, пет се под контрола, а 16 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи, се уште се активни пожарите во Василево, Радовиш и Берово, каде на планината Голем Готен и Малешевските планини гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, потоа двата пожари во прилепско, каде горат мешана шума и нискостеблеста вегетација, во Македонски Брод запалена е деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, а во Желино, помеѓу Церово и Групчин гори нискостеблеста и деградирана шума.
Активни пожари има и во Петровец, во селото Средно Коњаре, каде крај реката Пчиња гори мешана шума, во Зелениково, во Крива Паланка, каде кај селото Нерав огнот има зафатено висока борова шума, два пожари во Старо Нагоричане и два пожари во Василево, кај делата Сушево и Добрашинци каде горат грмушки и ниска вегетација.
Од ЦУК информираат дека пожарите во Македонски Брод, кај селата Грешница и Латово, во Струмица, Карбинци и во Штип се под контрола, а 16 се изгаснати, меѓу кои и дивата депонија во Шуто Оризари.