- Изградбата ќе започне на почетокот од идната, а становите кои ќе бидат со највисока енергетска ефикасност и секој со сопствено парно греење ќе бидат готови на почетокот од 2020 година.
Шест станбени згради секоја со по 60 станови ќе го сочинуваат новиот станбен комплекс во населбата „Сењак“. Локацијата е веднаш спроти спортската сала „Јордан Мијалков“, зад познатата кафеана „ Тајната вечера“, земјиштето го има купено инвеститорот „Актива“. Се очекува наскоро да се започне со уредувањето на локацијата, а изградба на стенбените згради треба да започне на почетокот од идната година. „Актива“ ја има обезбедено инвестицијата со поддршка од Комерцијална банка.
-Ќе изградиме убави, современи, функционални, енергетски високо ефикасни станови…Зградите ќе бидат со највисок степен на асеизмичка градба, отпорни и на најголеми земјотреси кои можат да се случат на овие простори. Секој од становите ќе биде обезбеден со сопствен систем за парно греење, информира Иле Николов, директор на „Актива“.
Архитектонското решение, а и самата градба ќе бидат нешто сосема ново, нешто што сега го нема како принцип на модерно домување во источниот регион. Околината исто така инфраструктурно перфектно ќе биде уредена според највисоки европски стандарди, со паркиралишта, зелени паркови површини, места за одмор и рекреација, вели Иле Николов, директор на „Актива“.
Локацијата од пред триесеттина и повеќе години била предвидена за изградба на станбени згради. За тоа говори и еден простор на кој сеуште стојат „мотиви“ од првата плоча која била ставена на првата станбена зграда, по што, од непознати причини, целиот процес бил стопиран.
Моментно целиот процес е во фаза на изработка на проектна документација. Него го работат две проектантски куќи, една од Штип, а тоа е нашиот проектантски бренд „А “. –„Во нашите планови предвидуваме целиот проект да биде готов за период од најмногу три години, што значи дека купувачите на станови ќе можат да сметаат на вселување во првата половина од 2020 година“, посочува Николов.
Засега не е позната цената по која ќе се продаваат становите во станбениот комплекс на „Актива“. Таа непознаница ќе биде решена со почетокот на градбата на целиот комплекс. Во „Актива“ направиле своја анализа според која во градот кој е регионален, економски, образовен, културен центар во источниот регион ќе нема проблем за продажба на висококвалитетни станови, зашто од такви секогаш има потреба и тие секогаш ќе бидат барани.
И додека најуспешната штипска градежна фирма во годините на нашата самостојност се подготвува за големиот станбен потфат, во рамките на стандардниот програм отвори нови перспективи. Во моментов течат работите на изградбата на втората фаза на фабриката за автобуси на „Ван Хоол“ која ќе биде на површина од 30.000 метри квадратни.
-Работиме и на изградба на леарницата во Пробиштип која е руска инвестиција, посветени сме на изградбата на новата хала на „Аутомотив груп“ која ќе има 12.000 метри квадратни и ќе биде поголема за 4.000 метри квадратни од претходната. Во Делчево работиме на изградба на трговски центар на „Кито Го“, а во Струмица градиме фабрика на сокови на познатата фирма „Грозд“ , појаснува Иле Николов.
И додека во фабриката „Аутомотив Груп“ производството за автобусите на „Ван Хоол“ тече со несмалено темпо, „Актива“ започна да остварува соработка и со големиот германски концерн „Тисен Груп“ за чии потреби во Штип се произведуваат метални елементи.
Архитектонското решение, а и самата градба ќе бидат нешто сосема ново, нешто што сега го нема како принцип на модерно домување во источниот регион. Околината исто така инфраструктурно перфектно ќе биде уредена според највисоки европски стандарди, со паркиралишта, зелени паркови површини, места за одмор и рекреација…