Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП).

Улбрихт беше осуден на доживотен затвор во 2015 година во судење што ја истакна улогата на интернетот на нелегалните пазари.

На неговата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп објави дека разговарал со мајката на Улбрихт на неговиот прв ден од претседателската функција.

„Ми беше задоволство што штотуку потпишав целосно и безусловно помилување на нејзиниот син Рос. Олошите што работеа да го осудат беа некои од истите лудаци кои беа вклучено во модерното вооружување на владата против мене“, напиша Трамп, а пренесе АП.

Инаку, Трамп вети дека ќе му помогне на Улбрихт за време на говорот на Националната конвенција на Либертаријанската партија минатиот мај.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе