ДУИ, Љупчо Георгиевски и рестловите од коалициски “политички партии”- воденички камен околу вратот на СДСМ
Сондажите на јавното мислење, последниве неколку месеци, одат во приолог на опозицијата, во случајов – ВМРО ДПМНЕ, која, сама има значителна предност пред владеачките партии, пред се, СДСМ.
Ако кон опозицискиот блок се додадат и “Левица”, со константен пораст, како и новата политичка опција – ЗНАМ, на Максим Димитриевски, тогаш, власта нема причини за мирен сон, за што потврда е растрчаноста на раководството на СДСМ по градовите.
Уште кон средината на летото, потврда за недовеба кон СДСМ, односно лошото владеење на власта, дојде од анкетата на ИРИ, која може да се смета за порелевантна, ако веќе, постојат сомнежи кон ИПИС, односно последната анкта на „МКД.мк“, и онаа, спроведена од агенцијата Маркет вижн, исто така, кон средината на летото.
Уште во јули, 38 проценти од граѓаните немаа довореба во владеењето на правото. На прашањето за насоката на движење на земјата, само 14 отсто од македонските граѓани одговориле дека таа се движи во добра насока, додека 56 отсто се искажаа спротивно, односно не беа задоволни од насоката каде се движи земјата.
Во најновата анкета, од вчера, дури 70 посто од граѓаните не саакт да слушнат за било кој политичар и политика!!!Појасно – здравје!
Во албанскиот блок се уште предност има ДУИ, но, новата албанската опозиција, Демократското движење на Изет Меџити, Беса и Алтернатива, сериозно се доближуваат.
Тоа што ДУИ ,како коалициски партнер, сеуште води во албанскиот блок, е од мало фајде за СДСМ. И кај Македонците и кај Албанмците, ДУИ се доживува како политичка групација чиј главен интерес се полугите на власта и можноста за извлекување средства од фондовите, за што има бројни афери и недоверба.
Во 2008 година, ДУИ, за да се добере до фондовите и привелегиите, го измисли Мајскиот договор, на што кумуваше и ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски. Но, ДУИ го применува ( не го применува!) на начин – само за да биде во власта. Како мезимче на Калето, ДУИ вешто ја користи и таа привелегија.
Но, сеедно, и во случајот на ВМРО ДПМНЕ и сега, со СДСМ, ДУИ е центрифугата во која се меле довербата на граѓаните. ДУИ е тешкото сидро кое го влече бродот надолу.
Офанзивата на СДСМ, заедно со најавите и посакувањата за предизборна коалицикја со ДУИ, може да испадне како “сметка без крчмарот!”, сеедно, колку тука ќе асистира такавиканата мегународна заедница, олицетворена во скопското Кале. Особено што ДУИ не е единствениот коалициски партнер на СДСМ, кој влече надолу и е воденички каман околу вратот.
Просто е неверојатно СДСМ да не ја гледа “ползата “ од партнерството на ВМРО Народна, на Љубчо Георгиевски, и од самиот Георгиевски – посебно, со сиот негов про-бугарски и про-криминален багаж.
Самиот Георгиевски кажува дека е тоа неприродна состојба, дека тој не би бил таму доколку Македонија е една изборна единица, а таму е само да добие еден пратенички мандат за Балковски и заштита за себе си.
Војводата е искрен, но која е ползата за СДСМ? Што Георгиевски, реално, може да му донесе на СДСМ, како рејтинг, а особено како поддршка на теренот, преку гласачите. Тежината на Георгиевски беше дваесетина илјади гласови, раштркани по земјата. Ама беше, сега не ниту десетина.
Кој во мојот Охрид, на пример, чул дека “Народњаците” на Георгиевски, реализирале некаква активност, имаат некаква препознатливост, некаква тежина. Што за СДСМ може да значи подарениот пратенички мандат за Балковски, во Охрид, познат по тоа што, за еден кат за себе, некоашното Музичко училиште, надвиснато на езерскиот брег во првата линија, го преточи во стамбен објект за Страшо-Гранит и за себе си ???!!!
Проблемот на СДСМ се и останатите рестлови од такавикани политички партии-коалициски партнери. Еве сдамо една илустрација. Во Советот на општина Охрид, од СДСМ, изворни одборници сега се само “двајца без тројца”! Другите се подарени мандати. Проблемот е што тоа го гледа членството, а не го гледа раководството!
Работата е забегана дотаму, што смешниот остаток на НСДП на Тито Петкоски, денеска, слови за прв, “најак!” коалициски партнер на СДСМ!!! Како е тоа можно, еве, на примерот на само формално постоечката организација во Охрид, на која, до вчера, лидер и беше претседателот – сопруг, а, од вчера, претседателката – сопруга. И кој тоа не го гледа!?
Или, Либералите, на пример, чиј лидер ( во тоа време Жерновски), на целата изборна единица-Петката, од Кичево, преку Дебар, Струга, Охрид и Ресен – се до Битола, собра “дури” 2.000 гласа. Денес е бетер, а активноста е само сијалицата во канцеларијата која се пали за време на изборната кампања!
Да се разбереме. Јас не пледирам за десницата, во овој случај ВМРО ДПМНЕ. Напротив, моја определба е, условно, левицвата – реално, социјалдемократијата. Инаку не би трошел време за ова.
Самата ВМРО ДПМНЕ, го има истоиот проблем. Нема ни А од некаква активност. Еве во Охрид, следам, а не знам било кој, или која, што се слови, или раководства од коалиоцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Мене ми е нејасна нивната политика – натпреватр за што поголем број коалициски партнери. Набројуваат поо дваесетина и згора, а и тие и ние знаеме дека тоа на теренот не значи и не носи, ама, баш, ништо!
Исто како што ми е јасно дека и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ова го прават свесно (ама не и одговорно) за да фингираат некаква повеќепартијност, некаква лажна демократичност, само да избегаат од промена на изборниот законик – кон преференцијално гласање и една изборна единмица. Само тоа им гарантира власт, блискост до парите.
Како тоа, за се очи си вадат, ама, само за изборниот закон и законот за финасирање на партиите, се “калугери кои и во петок мрсат!”.
Но, тоа има цена. Цената ја плаќа, најнапред, нивното челство,а преку него, сите ние, затоа што тој концепт продуцира заробена партиска држава.
Се додека не се роди и кај нас некој доктор Несторовиќ, кој, надвор од партиското организирање, ќе роди ситуација – без него да нема конституирање на власт и тој да ги потврдува, или поништува изборите.
Веле Митаноски