Недела носи дожд и грмежи: Можни локални невремиња по топлиот бран

По сончевото и топло време, во недела се очекува промена на временската состојба. Во текот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност, која на места може да донесе пороен дожд и грмежи.

Метеоролозите најавуваат дека ќе продолжи топлиот период, но нестабилноста ќе биде изразена во одредени делови од земјата, каде се можни краткотрајни врнежи и појава на грмежи.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува. Граѓаните се предупредуваат на внимателност при појава на невреме, особено во попладневните часови.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press