ЕУ, под туѓ, непријателско-освојувачки диктат – МЕРСИ, БЛАГОДАРЈА!

Византиските игри на официјална Софија се РАЗГОЛИЈА до крај, државните ВАЛКАНИЦИ ја поплавија Европа, светот виде кои се вистинските цели. Бирократите од ЕУ, конечно видоа дека си имаат работа со азијати, а не Европјани. Така е кога, во ЕУ ќе примиш земја не од вредносни, туку од воено-стратешки “соображенија” и ќе и дадеш право на вето, ќе ја направиш рамноправна со големите нации. Таква ЕУ, ниту е одржлива, ниту е цел и вредност кон која треба да стремиме по секоја цена. Европа и ЕУ треба да бидат вредности, а не територија и управа на византиски итроштини. Да го поздравиме фактот што политичките партии од македонскиот блок, конечно, дојдоа до заеднички став и сознание за злобните намери на официјална Софија да не избришат од вековниот идентитет, да не прикажат како нова нација произлезена од “бугарски праисход!”. Таа злоба, ја виде целиот демократски свет, ние, сега, можеме темелно и за секогаш да застанеме зад ставот: ЕУ под туѓ, непријателско – освојувачки диктат – МЕРСИ, БЛАГОДАРЈА!!!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press