Берово, 09.12.2016
Беровецот Драги Аговски, млад човек на 27 години, со сопствен став кон состојбите во државата, се качил на бината за време на митингот на опозициската коалиција предводена од СДСМ, и за триминутен говор спечалил отказ од работата. Со толку висока цена Аговски, дипломиран криминолог со просечна оценка од 9,1 ја платил својата опсесија да ја зборува својата вистина, да се бори и избори за една нормална Македонија која в недела, на 11 овој месец, ќе се збогува со криминалниот и ненароден режим на Никола Груевски.
„На работа чекав цели пет години по дипломирањето. Ни не сонував дека триминутен настап на митинг ќе ме остави без работа, а со тоа и без плата за скромен живот“, вели Аговски.
Тој укажува дека во него денес постои голем револт, бидејќи седум месеци чесно и посветено си ја работел работата, го давал најдоброто од себе. –„За тоа можат да посведочат и колегите, но ете, поради триминутен говор на митинг на опозицијата газдите ме оставија без работа“, посочува Драган Аговски.
Но, тој е упорен, борбен и правдољубив млад човек кој така лесно не се предава пред тешкотиите и неправдите. Вели дека за својот случај известил во регионалната канцеларија на ОБСЕ во Кочани, дека правдата ќе ја бара и пред друѓи мегународни и домашни институции.
„Ги известив сите институции за сите притисоци кои се вршат овде кај нас, не само кон мене туку и кон други слободоумни луѓе, а од понеделник ќе покренам и судска постапка, за да ми се исплатат придонесите за 4 месеци, и здравственото осигурување.
На сите млади луѓе Аговски им порачува дека со молчење ништо не се постигнува, дека тој не се плаши од никого и од ништо и дека јавно кажува за неправдите, а тоа ќе го прави и во иднина.
Дознаваме дека Аговски бил вработен во познатиот комплекс „Бела вода“ лоциран покрај патот од Струмица кон Берово.