Охрид, 06.06.2017
Кога го видов сиот тој разврат зад кулисите од стиропор на “Илинденска” (раскош е преблаг збор!?), таа кичеста “грандиозност” од најдолен, подол примитивизам, првата помисла ми отиде на Гоца “Чулибрк” и кумот Ставре. Она: “ние сме лудаци!”, е сосема блага кфалификација!
Втората помисла ми замина кон Хорхета наш-недоквакан и шарпланинецот за Емирот од Катар, Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани! Па, вие, “види богати!” (Грујо!) сте живееле во раскош и разврат, како божем, овој Ал Тани, да ви донел композиција натоварена со тони и тони златни алтани!?