Штип, 16.10.2024
Киноверзум, ланецот кина на Меѓународен Славјански Универзитет, е партнер на 9. издание на Меѓународниот Филмски Фестивал – Киненова, кој се одржува од 15. до 20. октомври во Скопје. Од Киноверзум упатија јавен израз на благодарност до Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот за успешната соработка со Киноверзум и ја поздравија неговата посветеност која придонесе за успешно организирање на ова значајно издание.
На свеченото отворање кое се одржа во кино Фросина на 15. октомври, австрискиот режисер Улрих Зајдл беше награден со престижната награда Златна грива за исклучителен придонес во филмската уметност.
„Со гордост најавуваме дека сите останати настани, вклучувајќи го и затворањето на фестивалот, ќе се одржат во Киноверзум во Кисела Вода, во Домот на култура „Билјана Беличанец“, порачаа од Киноверзум.
„Ги покануваме сите љубители на филмот и уметноста да ни се придружат на овој незаборавен настан и да бидат дел од филмското патување исполнето со инспирација и креативност“, порача инспиративниот тим на Киноверзум.
Годинава фестивалот Киненова носи инспиративна тема – „Што е прво: Филмот или приказната?“ – отворајќи простор за истражување на врската помеѓу раскажувањето и визуелната уметност. Фестивалот беше отворен со македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски, првиот долгометражен анимиран филм во Северна Македонија.
„Ги покануваме сите љубители на филмот и уметноста да ни се придружат на овој незаборавен настан и да бидат дел од филмското патување исполнето со инспирација и креативност“, порача инспиративниот тим на Киноверзум.