KOЧАНИ: КЈП „Водовод“ овозможува плаќање на сметките по електронски пат

Кочани, 07.12.2020

И комуналното јавно претпријатрие „Водовод“ од Кочани го осовременува своето работење користејќи го интернетот како алатка за брзо и безбедно плаќање на сметките од дома на корисниците на своите услуги.

-КЈП „Водовод“ – Кочани ви дава можност за брзо и лесно плаќање на сметките како и внесување на состојбите од водомерите. За таа цел Комуналното јавно претпријатие на својата официјална веб-страница воведе услуга „Брзо плаќање“, на која граѓаните по електронски пат, на брз и едноставен начин можат да ги платат своите фактури за комунални услуги.

Втората услуга што ја воведе КЈП „Водовод“ е самостојно внесување на состојбата на броилото, при што корисниците имаат можност да ја внесат состојбата на броилото и да внесат слика од него. Внесувањето на состојбата на броилото може да се направи во период од 15 до 25 во тековниот месец, информираа од ова претпријатие..

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе