KOЧАНИ: Реконструкцијата на Мултикултурниот центар – во завршна фаза

Кочани, 11.12.2020

По една година работа, завршува реконструкцијата на Мултикултурниот центар. Еден од најстарите културни објекти, познат како Старо кино, доби современ лик. Останува  да се доработи внатрешното уредување и климатизацијата.

Со проектот, објектот има комплетно нов водовод, канализација и електрична инсталација, ПВЦ-врати и прозорци, термичка фасада, нови подови и осветлување, сигурносна и видеоопрема, противпожарна и громобранска инсталација. Променет е  кровот, во внатрешноста се отстранети старите слоеви на ѕидовите и се изградени нови тоалети.

130835685_226571262170177_2584378288571883862_nСо реализацијата на овој проект Кочани добива современи простории што ќе бидат наменети за активности на граѓански здруженија и културни работници, за млади творци и креативци, простор за изложби и поставки со културно-историско значење од локалното поднебје.

– Задоволен сум што работите се одвиваат со предвидената динамика. Овој проект е важен затоа што добиваме обновена градба во централното градско подрачје. Уште позначајно е што МКЦ ќе донесе нова енергија во Кочани, со тоа што ќе создаде можност за активности кои ќе стимулираат учење, поддршка и вмрежување – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Реконструкцијата на Мултикултурниот центар е проект финансиран од Европската Унија, во рамките на вториот повик на ИНТЕРРЕГ ИПА-програмата за прекугранична соработка, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа и Општина Кочани.

(љ.а.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе