Кумановец со молотов коктел запалил сува трева и предизвикал пожар во населбата Средорек

Според новото соопштение од Министерството за Внатрешни Работи во СВР Куманово во 02 часот наутро било пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек.

Со тоа предизвикал голем пожар на отворено. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С.С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово.

При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press