MРТВ не ферма 500.000 граѓани лево од реката Вардар

Штип, 12.05.2018

Националниот јавен медиумски сервис – Македонската радио – телевизија (МРТВ) не ферма над половина милион граѓани кои живеат во градовите и селата лево од реката Вардар, од Куманово преку Свети Николе, Штип, Радовиш, Берово, Делчево, Кочани, Виница, Пробиштип, Струмица, Валандово, Богданци, до Гевгелија…

Ова денес беше констатирано на дебатата која во Кочани ја водеа новинарите од регионалниот новинарски центар „Исток“ кој е во рамките на ЗНМ. На дебатата за проблемите на медиумите, новинарите но и на граѓаните  од чии места јавниот сервис нема дописници, а со тоа и релевантни и навремени информации, учествуваше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Според шестмесечното истражување кое го направија новинари од овој новинарски центар, во спомнатиот регион во кој живеат, учат, работат и создаваа нoви вредности над 500.000 грaѓани на нашата држава, МРТВ има само тројца платени дописници, сите тројца за Македонското радио и тоа од Куманово,. Крива Паланка и Струмица. Македонската телевизија нема ниту еден дописник, а дописништвото во Штип го даде под кирија и сега служи како угостителски објект!?

МРТВ како јавен национален сервис има законска обврска да го покрие со дописници и сниматели секој регион во државата и во поголемите места да има дописни центри кои ќе ги покриваат и настаните во помалите блиски места. Но, такво нешто кај јацвниот сервис одамна не постои.

Граѓаните и од овој дел на Македонија колку до вчера плаќаа радиодифузна такса иако јавниот сервис одамна ги има заборавено нивните места на живеење. И во буџетот од кој денес се финансира МРТВ учествуваат граѓаните кои живеат лево од реката Вардар но јавниот сервис одново ги игнорира не поставувајќи свои дописници и сниматели во нив.

На денешниот состанок во Кочани е договорено во насјкоро време да во Скопје да се одржи јавна трибина на која ќе бидат поканети одговорниите од МРТВ, од Владата, од МИА (која исто така е државна агенција финансирана од парите на граѓаните но во посочениот регион нема ниту еден платен дописник), од ЗНМ, градоначалници од спомнатите оптшини и други заинтересирани структури..Повод за тебата ќе биде истражувањето направен од регионалниот центар „Исток“ , во кој се гаснат медиуми, новинари остануваат беза работа, а оние кои работат имаат многу ниски плати…

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе