“Дали, само еден пратеник во албанското национално собрание (парламентот) вреди повеќе од 120 пратеници во Собранието на Северна Република Македонија”!?
Ова е насловот на моја колумна, објавена на овој поростор (Либертас), на 19 септември 2020 година. Ова е мојот личен рекорд на читаност, на овој простор, со безмалку 18.000 прегледи.
Дали беше тоа случајно. Бездруго – не, како поради тематиката, така и поради личноста, која беше повод.
“Ако мислите дека прашањето е депласирано и нелогично, ќе морате да се соочите со аргументите што подолу ќе бидат изнесени, макар било тоа и по само една тема”, само една реченица, како репринт на колумната.
А, темета беше еколошката катастрофа што пред наши очи му се случува на Преспанското Езеро. А, не е далеку, дека истото може да му се случи и на Охридското Езеро, прво, затоа што Преспанското се влива во Охридското (тоа е научно докажано со примена на изотопи) и второ, затоа што производителот на електрична енергија езерото си го смета за своја бавча и акумулација.
Личноста, пак, беше Васил Стерјовски, албански пратеник, во случајов етнички Македонец.
По негово барање, на пленарна седница на албанскиот парламентот, се најде прашањето за состојбата со алармантниот пад на водата во Преспанско Езеро.
-“Од 2018 до денес езерото е повлечено најмалку 200 метри. Преспанското Езеро ги спојува териториите на Албанија, Македонија и Грција и претставува проблем што ги зафаќа сите три држави кои го делат брегот на езерото и треба да се преземат заеднички активности за да се забави оваа природна непогода”, рече, тогаш, пратеникот Стерјовски.
Тој уште побара двете езера да не се третираат како две посебни целини, кога се единствено сливно подрачје, заедничко подрачје на две, а во случајот со Преспанското и на три земји-соседи? Охридското сливно подрачје,барем официјално, го штити и УНЕСКО, како светско природно наследство.
Васил Стерјовски, истовремениo, испиша историја во албанскиот Парламент како прв пратеник што се обратил од говорницата на македонски јазик.
-„Почитувани сонародници, бидете горди Македонци и лојални државјани на Албанија. Негувајте ги македонскиот јазик, култура, историја и традиции, бидејќи тие се нераскинлив дел од Албанија“, се огласи Стерјовски, од под куполоите на албанското национално собрание, во март 2021.
Не дека и досега немало Македонци во институциите на системот. Ги имало и времето на тоталитаризмот на Енвер Хоџа, ги имало и после тоа во демократска и парламенгтарна Албанија, но, ник,ој не ја нагласувал гордоста што бил функционер, пратеник во Собранието на Република Албанија, за првпат во нејзината историја, од регистрирана Македонска партија, како етнички Македонец.
Стерјовски, кој по потекло е од најголемата македонска општина во Албанија, Пустец, опстојува на ставот дека негова основна заложба е, и ќе биде подобрување на правата на македонската заедница која живее, било каде, во Албанија и условите за живот.
-“Македонците во Албанија, не се застапени само во општината Пустец и селото Врбник во областа Девол. Тие се населени и живеат во педесетина други села долж целата албанско-македонска граница, во областите Мала Преспа во округот на Корча, Голо Брдо во округот на Дебар и Гора во округот на градот Кукс, како и во поголемите градови во Албанија”, нагласува Стерјовски.
Се смета дека во Албанија живеат околу 150.000 Македонци.
Стерјовски е историчар, докторант, професор на Универзитетот “Фан Ноли” во Корча. Тој се залага Македонците заедно со Албанците, но и другите етнички заедници кои живеат во Албанија да се чуствуваат рамноправни со рамноправните пред Уставот и законите.
-“Македонците од Албанија, за тоа самите се изборија, бидејќи им се придружија на албанските партизани во Втората светска војна и помогнаа во ослободувањето на Албанија од фашизмот и станаа важен дел од оваа земја”, вели Стерјовски.
-„Во Албанија сме родени, во Албанија живееме, во Албанија работиме. Како албански државјани заедно ќе се грижиме и ќе ја браниме Република Албанија како наша заедничка татковина и нејзините интеграции во Европската Унија, потпирајќи се на стратешкото партнерство со САД”, нагласува тој.
Со Стерјовски се гордеат сите Македонци во Албанија, но и во Македонија. Тој е миленик и на македонската дијаспора, бидејќи е еден од неколкумината членови на национални парламенти во светот кои се со македонско потекло, како Луј Темелковски во Канада и некои други.
Мето Колоски од ОМД, кој, исто така, има корени од Корча во Албанија, вели дека “Васил е пример за млад лидер во Албанија со вистинска визија за потребите на македонското малцинство во таа земја, кој што работел напорно за да изгради свест, мостови и дијалог”.
На 11 мај, во Албанија, се одржуваат општи парламентарни избори, на кои, преку Васил Стерјовски, Македонците, пред се, во Албанија, но и на било која точка во светот, имаат нова, ретка, прилика, повторно, етнички Македонец, да влезе во парламентот. Таа не смеат да ја испуштат.
На тоа укажуваат и од асоцијацијата “Млади од Македонија”,
од каде ги повикуваат сите Македонци, пред се во Албанија, но и од Албанија – се мисли на оние кои работаат, или живеат во Охрид, Струга, Ресен, Битола, Скопје и други места, масовно да излезат на гласање:
-“На Македонската алијанса за европска интеграција потреба и е вашата помош! Од највисок интерес на македонската кауза е Македонците да добијам свој претставник! Васил Стерјовски ќе ги брани интересите на Македонците во Албанија во Албанскиот парламент, а тој тоа го стори успешно со досегашната работа,со него, борбата за човековите права на Македонците во Албанија е подигната на едно многу повисоко ниво”.
Стерјовски, после увидените заблуди на еден ТВ. медиум со национална концесија во Македонија, може даа се каже, дека се изборил да биде миленик на македонските медиуми, но, силна поддршка и внимание добива и од албанските.
Често гостува на телевизиите, сите известија, дека на одржаниот прв изборен митинг на Социјалистичката партија, со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција, на плоштадот „Скендербег“ во срцето на Тирана, “беа претставени кандидатите за пратеници од сите 12 изборни окрузи низ Албанија, меѓу нив и Васил Стерјовски, единствен Македонец, во трка за пратенички мандат“.
Во биографските податоци на овој перспективен Македонец е забележано дека тој е роден во Корча на 17 мај 1982 година, а неговите родители се од село Горна Горица, Мала Преспа, каде и тој живееше до пред десетина години.
Основното образование го завршил во ОУ „Отпорот на Горичени“, во село Долна Горица, а средното образoвaние во Гимназијата „Трајан Георгиевски и Митре Колевски“ во Пустец.
Во 2006 година дипломирал на групата Историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Mетодиј“ во Скопје. На истиот Универзитет, на Институтот за национална историја е на постдипломски студии.
За значајните постигнувања во Општина Пустец, секако, меѓу најзаслужните е Васил Стерјовски. Тој беше заменик -градоначалник на Општината, во периодот од 2007 до 2010 година. Потоа е назначен за директор на Јавното претпријатие за водовод за регионот на Корча. Исто така, Стерјовски беше советник во Советот на Општина Пустец од 2015 година и советник во Советот на Округот на Корча од 2015 .

