М.Каменица, 21.08.2024
Денес во организација на КИЦ ,,РОМАНСА” од Македонска Каменица и меѓународниот фестивал,,Јаков од Камена Река” , се одржа првата самостојна ликовна изложба на 18 годишната талентирана уметница о Градот на рударите-Анастасија Стоименова.
Обраќање имаше директорот на на КИЦ, ,,Романса” Ванчо Златковски, кој истакна дека оваа институција секогаш ќе ги подржува младите уметници од градот на рударите.
Миле Ѓорѓијоски, директор на Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река “, поздравувајќи ја оваа прва изложба на младата уметничка Анастасија Стоименова, кажа дека фестивалот секогаш ќе дава поддршка на младите уметници.
„Тука сме за да им помогнеме на нашите млади уметници во промоција на нивната уметничка работа во регионот, во Македонија но и надвор од неа. Подготвени сме да им организира изложби со помош на фестивалите и поединци со кои тие веќе соработуваат“, потенцира Ѓорѓијоски.
Анастасија Стоименова истакна дека ќе продолжи да работи уште попосветено и дека за следните изложби, пред љубителите на ликовната уметност, ќе презентира нови дела во разни техники.
Се очекува за кратко време и втората изложба на Анастасија Стоименова, овој пат во Делчево.