На планината Серта сеуште гори, премиерот најави помош од три држави

Штип, 15.07.2024

На планината Серта која е помеѓу Штип и Неготино сеуште гори, пожарот кој беше забележан во средата околу 10:30 часот не е изгаснат, а противпожарни екипи од повеќе градови се на лице место.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера приквечер изјави дека продолжува да гори пожарот на планината Серта, и оти огнената стихија ќе се гасни и утрово со хеликоптери и со ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Борбата со огнените стихии во државава продолжува. Гаснењето на пожарот на планината Серта се очекува да прододолжи утрово со хеликоптери и ер трактори. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите.

Колку да потсетиме пожарникари од Словенија, Австрија и Бугарија пред три години, заедно со нашите екипи помогнаа да се изгасне големиот пожар на Малешевските планини и со тоа да се спаси непроценливо шумско богатство. Од тој аспект солидарноста помеѓу државите е спас од најавената катаклизма.

За брзо време на опожарените места во Македонија на помош ќе пристигнат противпожарни единици од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. Да се потсетиме дека пред три години во гаснењето на големите пожари на Малешевските планина учествуваа екипи од Австрија, Словенија и Бугарија кои капитално помогнаа да се изгасне пожарот и да се спаси непроценливото шумско богатство.

На терен е и војската. Во гаснењето активно учествуваат 103 војника како и 30 припадници на МВР, локални противпожарни сили од Неготино и Кавадарци, Штип, како и доброволци. Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици вчера продолжи да дејствува врз пожар на планината Серта.

Премиерот Мицкоски синоќа во објава на Фејсбук напиша дека се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран.

-Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите. За скоро пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. Министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија Мисајловски, Тошковски, Муцунски како и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави, порача премиерот.

– На терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи, во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и хеликоптерите за гасење на пожарите. Ситуацијата засега е под контрола и акцијата за гасење на пожарите е во тек, беше соопштено од Влада.

Во текот на изминатиот ден во штипскиот дел опожарена е нискостеблеста вегетација, дабова и мал дел на борова шума.

– Продолжува да гори. За жал не успеваме да воспоставиме контрола над него. Теренот е исклучително лош, има многу трња, многу грмушки, многу густ терен, испресечен со долови. Високата температура и ветерот што го менува правецот, дополнително го отежнува гаснењето, појасни Стојанче Ангелов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе