Списокот на универзитетски професори кои со јавно писмо ги поддржаа студентите во Србија во нивните протести и барања секој час се проширува, а веќе надмина 2.000 имиња, јави „Нова.рс“.
„Почитувани граѓани на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, цврсто стоиме покрај нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат професорите од универзитетите низ Србија.
Тие најостро го осудија секој обид на власта да ги заплаши колегите-студенти преку јавно споделување на нивни приватни информации, ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на нивните адреси и адресите на нивните родители.
„Со ова, повторно апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, велат професорите кои се наоѓаат на списокот.