НЕДОРАЗБИРАЊАТА СЕ НАДМИНАТИ, ЛАГИТЕ – ДЕМАНТИРАНИ, МАНИПУЛАЦИИТЕ – РАЗОБЛИЧЕНИ.
СЕГА, МОЖЕМЕ ДА ТРГНЕМЕ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, ОД НОВ ПОЧЕТОК, ВО “ЗАЕДНИШТВО И ОБЕДИНЕТ НАСТАП”, КАКО ШТО ПОВИКА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОСКА-ДАВКОВА.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (вчера) прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија. Од соопштението, ја извлекувам клучната поента:
“Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба”.
ДА, ТОА Е ТОА!
ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА, ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ НАС!
Добро е, што НЕДОРАЗБИРАЊАТА се надминати само по една седмица од претходната средба во Охрид, тогаш , во вила “Билјана” со “претставници на македонски здруженија во Република Албанија”. Наведени беа сите здруженија, поименично и лицата кои ги водат.
Тогаш, Претседателката “изрази задоволство од нивниот значаен придонес во средините во коишто живеат и работат, континуирано унапредувајќи ги македонско-албанските односи”.
Но, како што во колумна, озаглавена: “Кој ја насанка Претседателката!?” ( https://plusinfo.mk/ko-a-nasanka-pretsedatelkata/… , поранешниот амбасадор (или, единствениот – ВИСТИНСКИ, како што нагласуваат нашинците таму!), господинот Ристо Никовски, според мене, ВИСТИНСКИОТ познавач на приликите таму, аргументирано, зачувувајќи го достоинството и интегритетот на Претседаѕелката, укажа на дипломатската грешка, да не речеме малиот скандал.
Некој, или некои, на Претседателката и донеле погрешни гости, лица кои немаат никакво својство, ниту пак претставуваат легални и легитимни здруженија! Со исклучок на само едно.
Како што сега се дозна, Претседателката, уште тогаш прашала : каде е легитимниот претседател на единсвената легитимна и легална политичка асоцијација на Македонците во Албанија – Македонската алијансата за европска интеграција!?
Како и да е, се Е ДОБРО КОГА ДОБРО ЌЕ СЕ ЗАВРШИ!
Нескромно, си земам за право да кажам, дека, колку знаев и умеев, и самиот се обидов да придонесам да се надминат недоразбирањата, за во иднина, на масата на Претседаѕелката, соработниците (здушно координирани и со еден телевизиски медиум со национална концесија!), повеќе да не ги носат “дивите”, а да ги бркаат “питомите”!
На времето, кога се правеа охридските визити, кои ги пресече короната, имаше една шега, кога домот ќе се преполнеше од визитари:” дојдоа дивите, нека стануваат питомите”!
Затоа, ваквата разврска ја сметам и како лична сатисфакција. На социјалните мрежи ги имаше подоста кои беа “изненаѓени и увреѓени!”, што еден докажан левичар, ја “фали”, и се “додворува” и “угодува”… на Претседателката! Тоа се “мудреци!”, сегашни, или поранешни партиски “солдати” од левиот спектар.
Особено ги погоди насловот: “Професорке, не ве давам никому, вие сте сега единствената моја Претседателка”!?
Особено беа “увреѓени и ојаѓени!” оние, кои ми аплаудираа на мојата отворена, медиска и теренска поддршка на Стево Пендаровски како претседателски кандидат.
Но, тоа заврши, јас и натаму имам само една татковина и само еден претседател на мојата татковина.
Верувам дека, ниту тогаш ми забележала Гордана, ниту сега. ќе ми забележи Стево.
Зошто,? Затоа што, и едниот и другиот, си имаат попаметна работа. Затоа што и едниот и другиот, ќе го прочитаат текстот, а не само насловот!
Сите други, кои немаат попаметна работа од СЕИРЏИСТВОТО, немаат ниту време, нитиу воља, ниту духовна потреба да навлезат во содржината, во суштината, кога се САМОДОВОЛНИ само со формата.