Од 9 јануари, поточно од вечерва по полноќ ќе поскапат горивата за денар и половина, одлучила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новите измени моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 78 денари за литар, бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 80,5 денари, дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 72,5 денари, а масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 72 денари. Килограм мазут ќе чини 45,7 денари.
„Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1денар“, информира РКЕ.