Прекрасна сатирично-хумористична монодрама од инспиративното перо на Трајче Кацаров, во перфектна изведба на Оле Поцкова

Штип, 17.05.2025

Со претставата „Да ви кажам“ на писателот Трајче Кацаров одиграна синоќа на сцената во Домот на млади се покажа и докажа дека и оваа институција ги оспособила своите капацитети (и) за театарски претстави. Одлично изгледаше сцената во салата на Домот чиј седечки капацитет е за стотина проследувачи на било каков настан од културата, додека во услови на настан на кој проследувачите стојат овде можат да се соберат до 200 лица..

-Ние, на некој начин, конечно создадовме сала која ќе може квалитетно да служи и како театарска сцена. Отворени сме за сите творци од сверата на драмската уметност, само нека младите, но и оние поискусните творат, а ние ќе им ги ставиме на располагање нашите ресурси. Сакам да потенцирам дека на тој простор се можни театарски претстави, концерти, промоции на книги и други настани од областа на културата, вели Видан Лазарев, директор на Домот на млади Штип.

И според писателот и драмски автор Трајче Кацаров, во случајов се работи за заживување на нова театарска сцена која има капацитети за квалитетно да одговори на барањето за поставување на дела од драмската-театарска уметност.

-Она што е направено со сцената во Домот на млади, само по себе дава можност квалитетно да се развие драмската уметност на еден нов простор за неа, во институција која е царство на младите, но е отворена и за сите други љубители на настани од културата, вели Кацаров.

Нема сомнеж дека Трајче Кацаров напишал одличен сатиричен, актуелен текст инспириран од нашата современа стварност, како што нема сомнеж дека Оле Поцкова позната од емисијата Зевзекманија на ТВ Канал 5 речиси до перфекција до донесе улогата на Весела во монодрамата „Да ви кажам“. Оваа претстава мора да доживее најмалку 100 репризи и да го обиколи барем Истокот на Македонија.

Инаку,синоќешната монодрама  „Да ви кажам“ излезена од инспиративното перо на Трајче Кацаров во која улогата на Весела ја толкува познатата од ТВ екраните Оле Поцкова, која маестрално ја одигра својата улога, трае колку што трае еден школски час.

             Нема сомнеж дека Кацаров напишал oдличен сатиричен текст од нашето современо живеење. Неговиот сатиричен поглед на нашата стварност никого во салата не остави рамнодушен. Се покажа дека штипјани знаат да препознаат сатирично/ироничен израз за најважните аспекти од нашата живеачка и соодветно, со смеење и аплауз, на вистински начин и на вистинските места да одреагираат на тоа. Таква атмосвера имавме вечерта кога ја гледавме претставата во Домот на млади.

Кацаров, преку овој сатиричен текст, ја става на тапет нашата политика, социјалниот елемент, раздвојувањата на семејствата при што родителите и децата комуницираат само на далечина преку модерните алатки на денешното време-мобилните телефони и компјутерите, комшиските односи, нашата европска (не)перспектива и слично на тоа.

Се на се, публиката уживаше во претставата која, барем на еден час и донесе одлично расположение поради текстот на Кацаров и поради глумата на Поцкова позната од стаиричн-хумористична емисија наТВ Канал 5 – Зевзекманија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press