Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Од МВР соопштуваат дека во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција на почетокот на минатиот месец, во делот на сузбивање на трговијата со луѓе, односно програмата EMPACT-ОАП за трговија со луѓе, полициски службеници од повеќе организациони единици на МВР учествувале во повеќедневните оперативни активности против трговијата со луѓе/пред се со деца како и во откривањето и сузбивањето на други видови криминал поврзан со кривичното дело – „трговија со луѓе“.

Притоа, во текот на тие оперативни активности за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца, како и за идентификување на лица припадници на организирани криминални групи кои ги извршуваат кривичните дела – „трговија со луѓе” и „трговија со дете” по пат на сексуална или трудова експлоатација, присилни бракови, питачење, присилување на вршење други кривични дела беа откриени вкупно девет кривични дела.

По три кривични дела „запуштање и малтретирање на дете“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, потоа две кривични дела – „фалсификување исправа“  како и едно кривично дело – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали “.

Вкупно пак околу овие кривични дела биле приведени осум лица, а дополнително на подрачјето на Тетово, приведено е и лице за кое претходно е распишана потерница (црвена потерница/red notice) од Р.Словачка за сторено кривично дело – „трговија со луѓе”.

Исто така, откриени се девет лица жртви на трговија од кои шест лица биле под 18 годишна возраст (малолетни) а три лица над 18 години старост.

Одземени е еден пиштол марка „Smith & Wesson SW 1911” и шест куршуми калибар 45 мм кои сопственикот ги поседувал без соодветна дозвола за што е покрената кривична постапка, а воедно поднесени се голем број на прекршочни пријави согласно Законот за странци а вв со нерегулиран престој на странци во РСМ или злоупотреба на престојот како и прекршочни пријави против повеќе правни лица поради неправилности во работењето (непријавени работници, непочитување на работното време неисполнети услови за работа и друго).

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press