Кочани, 19.09.2023
По повод Меѓународниот ден без автомобили, в петок, на 22 септември, Општина Кочани ја организира велосипедската тура „По патеката на оризот“.
Настанот е отворен за учество на сите граѓани, љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија. Велосипедистите ќе возат на релацијата: Кочани – Горни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани. Поаѓањето е во 16 ч. од Градскиот плоштад. Турата ќе биде спроведена според протоколите за безбедност во сообраќајот од страна на Одделението за внатрешни работи – Кочани.
Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Претходно, во 15:30 ч., во Венчалната сала, Ротари клубот Кочани-Виница ќе одржи презентација на проектот: Авантури на две тркала „По патот на комарците“, проект кој опфаќа мапирање на постојните локални патишта на територијата на општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, како и промоција на здрави навики преку велосипедизам.
Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозните средства што не ја загадуваат животната средина.