ВИНИЦА: „На Чупино Треил“ најдобри јапонецот Keisuke Minaami и Ивана Ценериќ од Србија, од Македонија прво место за штипјанката Радмила Јованова
Виница, 03.08.2024
На петата по ред трка „Чупино Треил“, која привлече голем број учесници и љубители на планинското трчање кое тргнува од Виница и ги спојува трите највисоки врвови на планината Плачковица. На овој настан, кој веќе прераснува во традиција, учествуваа 150 тркачи од 12 држави, со цел да го предизвикаат својот спортски дух и да ја искусат убавината на природата околу Чупино.
Трката беше поделена во три категории – Бумбарска треил од 16 километри и 550 м Д+ Чупино Класик од 32 километар и 1800 м Д+ Тримити ултра од 60 километри и 3000 м Д+. Сите три категории понудија различни предизвици за учесниците, но и неверојатни глетки и моменти за паметење. Исто така се одржа и детска трка, Трчаме со Роки,, на која настапија околу 150 дечиња од 2 до 12 години.
Најдобри резултати во женска конкуренција на Тринити Ултра 60 км постигнаа Ивана Ценериќ (SRB) прво место, Sanit Rose (LAT) како втора и трета беше Валентина Узунова (МКД)], додека во мажка конкуренција првото место му припадна на Јапонецот Keisuke Minaami, како втор заврши Жикица Ивановски а како трет Иван Ѓоргиев и двајцата од Македонија. Додека во другите трки подиумите ги делеа :
Чупино Класик: 1.Радмила Јованова, 2.Симона Трајкова 3.Марија Василевич и Јелена Стевковиќ во женска конкуренција и во машка конкуренција 1.Златко Николов, 2 Никола Илиевски и 3 Александар Кирковски. На најкратката Бумбарска треил во женска конкуренција на подиум завршија 1.Марија Остојчич, 2. Снежана Димовска и 3 Марија Пеликон, кај мажите прв заврши Трајче Илиевски , 2 Мартин Дамески и 3 Благој Веселино. Исто така награди беа поделени и на ветерани во сите 3 трки. Организаторите на трката истакнаа дека сите учесници покажаа извонредна подготвеност и спортски дух.
На крајот од трката, сите учесници имаа можност да уживаат во забавната програма . Многумина учесници изразија задоволство од организацијата и ветија дека ќе учествуваат и следната година.
„Чупино Треил“ полека но сигурно се етаблира како еден од најдобрите настани за планинско трчање во регионот, и со секое издание привлекува се повеќе учесници и внимание од пошироката јавност.
Трката беше организирана од ЗПС Чупино . со поддршка на локалните спонзори и Општина Виница., а следното издание е веќе најавено за 31.08.2025 .