Меѓународниот музичко – сценски фестивал „Охридско лето“, синоќа, една фестивалска вечер, посвети и најатрактивниот простор – Предворјето на црквата „Света Софија“, го отстапи, за промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски.
Тој со неговата екипа – пеачи, инструменталисти и рецитатори, на бројната публика, и подари импресивна музичко – поетска вечер, какви што на Охрид му недостасуваат, во летниот наплив на турбо – фолк наездата.
Меѓу присутните, бројни негови роднокрајци, од неговото родно Велмеј и цела Дебрца, мегу нив и професрот Љубе Трпески, човекот кој, како гувернер на НРМ, стави потпис на првите банкноти издадени во независна суверена Република Македонија.
Нескромно, но воодушевено, дозволете да го наведам и обраќањето на Јолески кон мене, како негов прв уредник во радио-новинарството.
Се длабок наклон, возвратив за неговиот успех, достоен на светските врвни мерила.
Врвни музичари, дојдени од Париз и други светски метрополи, со издадени албуми и гости на најпрезентативни сцени по светските подиуми, дојдоа да му направат чест на Јолески, а на присутните – мигови кои ќе ги паметат, со стиховите на Блаже Конески, Гане Тодороски и други автори на македонската класика.
Добрила Грашеска, Игор Трпчески, Сашо Поповски и Александра Поповска, донесоа свежина и квалитето во лертното пулсирање на Охрид, или како што потенцираше Јолевски, во обраќањето, споделија убавина на пишаниот збор, нашата музика и македонската култура!
Радост, радост ни треба земјо! Пееше публиката во сет глас, заедно со Добрила и Александра
– За мене беше речиси неверојатно да се помисли (или посака, како сакате) во една книга, меѓу две корици, да се претстави македонската клултура во нејзинмиот тотал, во нејзината интегрална форма, ќе рече рецензентот на книгата “Радио”, Марко Коловски, музиколлог и уредник на Македонското радио.
Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за од 1995 година покрај редовните програмски обврски, четири години е уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ.
Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник го има добиено и во 1998 година.
Во таа декада и половина, тој со своите текстови бил присутен во ревијата „Екран“, магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“…
Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“.
За својата долгогодишна работа во новинарството минатата година Јолевски ја доби наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје.