Ако ти треба крв побарај ја Виница

Виница, 26.01.2017

  • „Какви чипови се вградени на Виничани ако и тие што работат во Италија кога ќе си дојдат на одмор дома веднаш брзаат да дадат крв“, велат од братскиот Црвен крст на италијанскиот град Канели

Над триесет години Виница e првото име во семејството на градови-крводарители. Дарувањето крв за илјадници виничани е прашање на семејната чест и статус. Речиси и нема семејство од кое нема најмалку еден крводарител. Секако дека зад таквиот статус на Виница стои и општинскиот Црвен крст кој со децениие е воден од личности кои и самите биле или се повеќекратни крводарители и кои имаат високи организациски способности.

001

Кирил Цоневски                                                        крводарители

„Во 2016 година планот за крводарување го исполнивме со 302 проценти. А планот се смета за остварен ако три проценти од населението даде крв. Остварувањео на планот за Виница значеше дека треба да се соберат 560 крви единици, но ние обезбедивме 1.637 крвни единици по што не само што сме на прво место во државата туку сме и раритет кој трае“, вели Кирил Цоневски, секретар на Црвениот крст.

001aВиничкиот Црвен крст во својот нотес има регистрирано 1.270 активни крводарители на кои секој момент може да се потпре ако итно треба крв за да се спаси нечиј живот. Вкупниот број на крводарители изнесува 4.672 лица, а тоа е дваесет проценти од целокупното население кое во општината брои нешто над 19.000 лица. Голем е бројот на цели семејства кои се крводарители.

013„Во Виница често знаеме да кажеме дека крв во семејствата даваат од пионер до пензионер, за на еден таков начин да го изразиме односот на виничани кон нивната хумана мисија“, посочува Цоневски, првиот кормилар во хуманото семејство.

012Вистински култ кон оваа хумана работа владее во фабриката за ќерамиди „Тондах“, и во „Ромеро“ каде крводарителите најредовно си ги добиват своите два дена за одмор, а тоа се денови по нивен избор. Во Гимназијата исто така масовно се дава крв, а во крводарителните акции се вклучени 80 проценти од младите над 18 години. За пример во однос на оваа хумано прашање се и вработените во полициската станица.

009 014Над 4.200 лица од општина Виница работат во странство. Најмногу ги има во градот Канели, во Италија. Кога преку лето или за Нова година ќе си дојдат дома, тие задолжително даруваат крв. Тие беа и мостот кој ги збратими организациите на Црвен крст од двата града. –„Не знам какви чипови сте им вградиле на виничани, но да се дојде дома од странство и веднаш да се замине да се даде крв, тоа мора да е нешто посебно. Камо среќа да се приближиме на таквото рамислување. Тој однос на виничани стана наш идеал“, ни рекоа од Црвеникот крст на Канели.

(н.а.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе