БОЧВАРСКИ: Во Клиничката болница во опрема инвестирани 350.000 евра

Штип, 02.12.2019

Денеска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев извршија увид во капацитетите на истата. Бочварски го посети одделението за Кардиологија и беше запознаен со сите инвестиции и реконструкции на ова одделение, со цел подобро функционирање и задоволни пациенти.

78081168_433722313967578_5806373425698045952_n-Заедно со директорот Георгијев извршивме увид во болницата и бев запознаен дека досега откако Георгијев е назначен за директор, Клиничката болница и Министерство за здравство имаат инвестирано 350.000 евра во нова опрема. Морам да потенцирам дека зголемувањето на платите покажува дека Владата се грижи за медицинскиот кадар, својата иднина да ја креира овде, рече градоначалникот.

Досега заклучно со фебруари 2020 година зголемувањето на платите на лекарите специјалисти, според Бочварски изнесува 40 проценти, а на медицинските сестри  над 20 проценти.

Градоначалникот Бочварски заедно со директорот Георгијев разговараа со дел од младиот персонал во болницата за тоа кои се нивните потреби и како се одразуваат новите инвестиции во болницата и во човечкиот капитал.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе