Бочварски: Наместо мерцедес од 600.000 евра, Опозицијата нуди живот во Македонија

Штип, 29.11.2016

Благој Бочварски, кандидат за пратеник од СДСМ и здружената опозиција, на денешната средба со новинаррите, уште еднаш потсети на тоа дека опозицијата нуди живот во Македо нија.

-Речиси половина од граѓаните на Штип и околината, работат во текстилната и кожарската индустрија. Минималната плата е околу 9.000 денари, а просечната плата во овие гранки изнесува 12.000 денари, што е далеку од пристојна плата. Минималната потрошувачка кошничка е иста за сите граѓани во Македонија и изнесува над 32.000 денари. Ова јасно говори дека Штип и истокот живат во сиромаштија.

ВМРО ДПМНЕ во 2015 година го одби предлог законот на опозицијата за минимална плата од 11.000 денари за сите вработени во државата. За ВМРО ДПМНЕ, приоритет имаа панорамските тркала, небулозниот проект Скопје 2014 и Мерцедесот од 600 илјади евра.

Ние имаме план за излез од оваа состојба. Планот за живот во Македонија нуди реални и остварливи решенија.

-Зголемување на минималната плата на 12.000 денари во април 2017 година. Тоа ќе значи зголемување од 3.000 денари за вработените во текстилната и кожарската индустрија преку директна поддршка од државата.

-Минимална плата до крајот на мандатот на идната Влада ќе биде 16.000 денари како и пораст на  просечната плата во државата на 30.000 денари.

-Воведување на минимален адекватен приход што значи дека секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков приход ќе добива 12.000 денари месечно.

– Зголемување на социјалната помош за 40 %

Паричен надоместок за сите категории стечајни работници од 6.600 денари веднаш по превземањето на власта.

– Два пати годишно зголемување на пензиите согласно порастот на платите и трошоците..

– Ќе воведеме старосна пензија за сите граѓани кои не остваруваат право на пензија, а имаат над 65 години.

– Поддршката на домашните претпријатија за отворање на нови работни места со пристојни плати ќе биде 140 милиони евра. Досега оваа Влада издвојуваше само 200 илјади евра.

Затоа промени ќе има. Македонија може да биде нормална земја. На 11 декември граѓаните ќе ни ја дадат довербата. Бројот 4 нуди иднина.З а живот овде во Македонија!

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе