Вест која го потресе светот: Молете се да запре огнената стихија (Notre-Dame de Paris)

Париз плаче, Франција тагува – светот е во шок – со ваква реакција, се обрати вечерва, на својот ФБ профил, новинарот и публицист Веле Митаноски, на веста за страотниот пожар на и во Богородичината црква во Париз.

pariz– Исчезнува милениумска историја во живо. Тоа е данокот на технолошката револуција. Да гледате во реално време како паѓаат крововите на едно од најспектакуларните дела, градби на готската архитректура. Една од иконите на колективната светска меморија. Петнаесет милиони луге ја посетуваа годишно. Ова е тежок емотивен момент за сите, секако, и за мојата дребност.Како човек и автор. Оваа е АНАГН – судбина, како што пишуваше Виктор Иго во “Звонарот од Богородичината црква во Париз”. Ужас, неверување…напиша Митаноски.

pariz1Митаноски ја пренесе, како “Изјава на денот”,  изговорената реч на францускиот претседател:  “Тажен сум, гори дел од сите нас!”.
(Емануел Макрон)
Emmanuel Macron

@EmmanuelMacron
Notre-Dame de Paris en proie aux flammes. Émotion de toute une nation. Pensée pour tous les catholiques et pour tous les Français. Comme tous nos compatriotes, je suis triste ce soir de voir brûler cette part de nous.

 – Oва e очајна тага на колективно, цивилизациско, но и на лично ниво.И за нас што сме ја виделе, внатре се молиле, но и за оние што ја немале приликата внатре да запалат свеќа.Ова е духовна празнина од планетарно ниво.Сега пред католички Велигден. Бев благословен, да се помолам на ова свето место – напиша вечерва Веле Митаноски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе