Вечерва на Голак, по 24 пат меѓународни „Голачки фолклорни средби“

 Делчево, 08.08.2018

Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“се подготвени за ново издание на Меѓународниот фолклорен фестивал кој ќе се одржи вечерва под ѕвезденото небо на Голак, покрај манастирот „Св. Пантелејмон“.  На сцената на отворено ќе настапат 12 фолклорни групи и ансамбли од земјава и од странство со што  по 24. пат ќе се промовира фолклорот кој ќе донесе шаренило од носии и ороводни и вокални традиции.

Фолклорниот фестивал ја надополнува старата верска традиција и го збогатува традиционалниот црковно-народен собир кој од дамнина се одржувал покрај манастирот ноќта спроти верскиот празник кога се слави светецот Пантелејмон. На Голак се очекуваат илјадници посетители од Делчево и од соседните општини, како и иселеници од регионот.

Фестивалот започнува во 20 часот, а на 24 издание ќе настапат фолклорни групи од Момчиловци и Благоевград од соседна Бугарија, фолклорен ансамбал од Рача, Србија, како и 9 фолклорни групи од земјава, меѓу кои ФГ „Копачка“ од с. Драмче и ФГ „Никола Јонков Вапцаров“ од градот домакин.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе