ВИНИЦА: Трсино доби филтер станица

Виница, 21.03.2019

Жителите на село Трсино од вчера можат да пијат здрава и квалитетно филтрирана вода за пиење. Филтер станицата во Трсино од вчера и официјално е пуштена во употреба.

Со капацитет од 10 литри во секунда, инсталираната опрема комплетно ќе ги задоволува потребите на овие жители, кои со години имаа проблем со нечиста и бактериолошки загадена вода за пиење.

“Досега во селото постоеше тиролски зафат, преку каптажа водата доаѓаше во резервоарот, и имаше голем број нечистотии. Сега, со изградбата на оваа филтер станица, тие нечистотии ќе бидат стопроцентно отстранети. Оваа филтер станица е направена да работи самостојно, автоматски, така да и хлорирањето ќе биде автоматско. Капацитетот е голем, со оваа количина треба да се задоволат потребите на с. Трсино и маалата Софинци и Саисци, а ако има услови ќе го поврземе и маалото Малчовци. Моменталната потрошувачка на вода е  два литри во секунда и таа ги задоволува потребите, што значи има услови и капацитет за да ги задоволи потребите на поголем број жители“, изјави Павле Стојков, вработен во ЈКП “Солидарност“.

Според Вањо Таневски од фирмата ЦМЦ од Скопје, оремата е набавена од Израел и е со капацитет преку 10 литри во секунда кој ќе ги задоволува потребите на село Трсино, посочи Вањо Теневски од фирмата ЦМЦ-Скопје.

Вкупната инвестиција во овој проект е 7.044.000 денари, од кои 25 % е учество на општината, останатите се средства од Светска Банка. После долгогодишните проблеми со нечиста вода, конечно преку 700 жители на нашето село добиваат здрава и чиста вода за пиење. Бенефитот ќе го почувствуваме сите ние е пораката која ја испрати Зоран Ристовски, претседател на Месната Заедница во с.Трсино.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе