Гробиштата барем некого нахранија

Штип, 15.06.2019

Илјадници штипјани вчера попладне и денес претпладне беа на Градските гробишта да им оддадат почит на своите покојни. Така беше и во сите други градови во нашата држава.

Но, дали е добро, дали е согласно нашата вера, на овој ден на гробишта да се носи многу храна за да се раздаде на присутните или да се остави на гробната плоча?

-Молитвата и милосрдните дела се најпотребното за спасение на душите на покојниците но и за нашите души. И само еден гладен да нахраниме, сме направиле повеќе отколку сите формални процедури и обичаи да ги извршиме и најбогатите трпези на светот да ги поставиме врз гробот, за да јадат само оние кои се веќе најадени и не страдаат од глад“, пишува порталот покајание.мк.

И додава:

Еве, совет и упатство и од нашите свештеници:

„…Утре (вчера, но и денес, н.з.) многумина од вас ќе отидат на гробишта и ќе однесат многу храна која ќе си ја раздавате, за помен на починатите, меѓусебно. Со тоа чиниме милостина во име на починатиот.

Свештениците ќе ги споменат починатите на парастасот.

64534886_767288217000576_4712074659858743296_nНо, освен молитвата каква полза би имале починатите од раздавањето на храната кога ја даваме на луѓе кои имаат доволно?

Затоа ве советувам и замолувам да не ги одвраќате сиромашните кои ќе дојдат до вас и ќе ве замолат да им дадете нешто.

Тие навистина ќе ја употребат дадената храна и нема да ја фрлат во корпите.

Донирајте храна и во народните кујни, во детските домови, во затворите и интернатите. Секако го правите трошокот.

Не бидете робови на формата, размислете и исполнете ја содржината пишува покајание.мк

64425420_425266138057371_2833659266865299456_nНие денес направивме фотографија од кај новите штипски гробишта. Две жени натоварени со по пет-шест торби и  најлон вреќи беа собрале голема количина храна. Ги прашавме каде ја носат, ни текоа

„Дома има многу гладни усти за хранење“…

Не слушнавме дека некој денес донирал храна во народна кујна (нив речиси и ги нема)  во детски дом, во интернат или во затвор…Замолницата на нашата мајка црква денес не беше услишана барем не во некоја пристојна мерка.

Но, овде сакаме да издвоиме и еден цитат од еден наш, штипски сограѓанин.

(Фотографијата од задушницата е превземена од Покајание.мк)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе