Делчево ги крпи дупките кои ги наследи заедно со долговите

Делчево, 04.07.2018

Новата делчевска власт не го наследи само епитетот најзадолжена општина во регионот туку и епитетот Делчево-град со најмногу дупки по асвалтните улици. Претходникот градоначалник на својот наследник му остави блокирана сметка на општината со обврски од 240 милиони денари, што е еднакво на годишниот буџет.

Но, покрај долговите во пари во наследство останаа и многу дупки на улиците кои „плачеа“ за обнова и санација. Согласно со Годишната програма за одржување на улици и патишта и договорот по објавениот тендер, Општина Делчево денес започна со санација на коловозот на улиците во градо.

20180703_132433_resizeСанацијата на коловозот на улиците се врши по однапред определени приоритети врз основа на извршената инспекциска контрола на состојбата на улици и патишта во Општина Делчево во периодот јануари-април 2018 година, при што се детектирани ударни дупки или оштетувања на коловозот на 30 –ина улици во градот.

Санацијата на ударните дупки започна во населбата Ново Делчево, на улиците „Скопска“, „Орце Николов“, „Кеј на ослободување“, „Трст“, „Пијанечка“, како и полигонот за обука на возачи,  а ќе продолжи во населбата Милково Брдо, потоа во Прв, Втор и Трет Реон, населба Стрелиште, односно санацијата на удраните дупки ќе се врши на коловозите на сите улици каде се утврдени критични места на кои им е неопходна санација.

Целта на оваа редовна активност на Општина Делчево е да се придонесе за поголема безбедност во сообраќај и претставува обврска на Општината за одржување на градската инфраструктурна сообраќајна мрежа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе