ДЕЛЧЕВО: Изложбата на Лена Ѓуриќ го облагороди градот под Голак

Делчево, 07.12.2018

лениУметницата Лена Ѓуриќ која живее и работи во Штип со својата уметност-сликарството, денес се претстави пред граѓаните на Делчево. На отворањето присуствуваше бројна публика пред која уметницат Лена се пратстави со 31 свое уметничко дело.

За уметничката визија и творештвото на Лена Ѓуриќ зборуваше Даниела Такева.

LENA DANI„Ликовната приказна на уметницата изложена во нашиот град  е под наслов  „Лена Ѓуриќ – Парижанка во Делчево“. Таа приказна уметнички е забележена преку сликарската техника масло на платно. Авторката Лена Ѓуриќ  е родена во Свети Николе, а трисетина години од својот живот ги поминува во градот на светлината Париз, каде ги впива креативните енергии на најголемите светски репрезенти на уметноста. Париз е и местото, каде нејзиниот талент за уметност се развива и станува реалност. Последиве 14 години Лена живее и твори во Штип. На сликарското платно, таа овековечува портрети, жива но и мртва природа. Нејзините слики за миг го облагородија животот во нашето Делчево“, рече Такева. Таа додаде дека Лена во градот под Гоак доаѓа по своите изложби во Скопје, Битола, Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Виница, на Аурора рисорт и спа на Беровско езеро и во други градови во Македонија.

LENA DELCEVO-Ми претставува задоволство што денеска сум за прв пат во Делчево, посебно што мојата изложба насловена „Парижанка во Делчево“ пробуди голем интерес кај делчевци. Изложбата содржи избрана колекција од моето творештво во изминативе 10 години. Планирам да ја продолжам мојата ликовна приказна секаде низ Македонија, бидејќи моето творештво, како и позитивната реакција кај публиката, ми дава душевна сатисфакција, рече Ѓуриќ.

DANI LENAЛикованата изложба „Лена Ѓуриќ-Парижанка во Делчево“ е во рамките на одбележувањето на празникот посветен на свети Климент Охридски, а е во организација на Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и делчевското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кое, всушност, со оваа изложба ги збогатува активностите за одбележување на патронот на училиштето.

лена делќевоИзложбата ќе биде отворена во наредните десеттина дена

(т.д.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе