ДЕЛЧЕВО: Советникот од ВМРО НП ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ

Делчево, 14.08.2018

Советот на Општина Делчево од денеска има независен советник. На денешната редовна 12 Седница, советникот Николчо Ситновски од ВМРО НП, кој беше советник од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, истакна дека од денеска во Советот ќе настапува како независен советник, односно советник од ВМРО НП.

СИТНОВСКИ СОВЕТНИКВо своето објаснување пред советниците Ситновски истакна дека одлуката ја донел самостално и со цел како независен советник повеќе да даде придонес  во решавање на проблемите на граѓаните.

Инаку, соодносот на силите во Советот на Општина Делчево е:  8 советници за владејачката коалиција на СДСМ, 6 на  Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и еден нeзависен советник oд ВМРО НП.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе