Илчо го зафркна градскиот базен, Бочварски нуди решение

Штип,02.06.2018

Штипјани се загрижени од можноста ова лето, за првпат во 60 годишната историја на градот, да останат без можност да се разладуваат на Градскиот базен. Опозицијата го искористи тој момент да ја нападне актуелната локална власт, но вистинскиот одговор дојде бргу и од вистинското место, од градоначалникот Благој Бочварски.

-Јавноста знае, дека за време на владеењето на мојот претходник, градскиот базен е отуѓен од Општина Штип, односно е продаден на приватно лице. За жал, сега Општина Штип не може да стори ништо за да го врати во рикверц тој процес.

Но, јас како градоначалник сакам да им излезам во пресрет на нашите сограѓани и затоа изминативе денови се обидувам да ги употребам сите ингеренции за штипјани да не останат без базен. Општина Штип како институција нема ингеренции да натера некого да стопанисува и да го стави во функција базенот, но ние, заедно со со ЈП „Исар“ ги ставаме на располагање сите свои ресурси и капацитет за базенот да работи леотов, рече Бочварски.

Градоначалникот проача дека како локална власт тие се воделое од мотото да најдат решение и да им излеат во пресрет на граѓаните.

-Ние јавно ја истакнуваме нашата понуда бесплатно базенот да го наполниме со вода. Секако тоа би го направиле во согласност со сопственикот на градскиот базен. Ние како Општина Штип подаваме рака со искрени намери да се најде решение за сите граѓани на општината да не бидат приморани годинава да се разладуваат во други градови,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Сега на потег е сопственикот и наскоро ќе се види дали тој го прифаќа предлогот на Бочварски, но останува фактот дека екс градоначалникот илчо Захариев го зафркна градот преку давањето под концесија на градскиот базен кој во Штип го користат илјадници граѓани.

Ако не биде така, тогаш штипјани на капење и разладување ќе одат на базен во Неготини, и/или во Аква паркот во Пробиштип, а некои и на браните Мантово и Градтче кај Кочани зашто Штип друга поголема вода за одмор и рекреација нема.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе