КОЧАНИ: Со Николчо Илијев СДСМ ќе оди на нова победа во Кочани

Кочани, 08.09.2021

Социјалдемократскиот сојуз ја објави и последната кандидатура за градоначалник на една од 69-те општини во нашата држава. Актуелниот градоначалник Николчо Илијев ќе бара нов мандат од сограѓаните.

Според СДСМ кандидатурата на Илијев во Кочани се објавува како последна бидејќи членството барало овој чин да биде јавно промовиран на Денот на независноста.

Во партиското соопштение лиферувано денес стои:

„Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори. Со тоа ја комплетираме понудата од 69 кандидати за градоначалници.

Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илијев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илијев и СДСМ на чело на општината.

Граѓаните знаат и чувствуваат дека работите се менуваат на подобро, затоа ја даваат поддршката на СДСМ, затоа коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит на претстојните избори. Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ е гарант дека ќе продолжи развојот на Кочани, развојот на општините и регионите, гарант дека ќе продолжи напредокот на државата“, порачаа од СДСМ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе