КОЧАНИ: Со 20 милиони денари Оризари и Гратче ќе се поврзат со Кочани

Кочани, 16.07.2019

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одобри  финансиска поддршка на Општина Кочани во износ од 20 милиони денари за поврзување на селата Оризари и Гратче со Кочани.

– На барањето на Општина Кочани за реализација на овие проекти, Агенцијата одговори позитивно со одобрување на целосно побараната сума, што всушност претставува максимален износ на средства според распишаниот повик. Планираното учество на Општината е во висина од близу 4,2 милиони денари. Ова е уште еден чекор што  ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини – информира градоначалникот Николчо Илијев.

Според стручните служби во Општина Кочани, по изборот на најповолен понудувач за реализација на оваа инвестиција, ќе се работи на изградба на 472 метри од улицата „Енгелсова“, што води кон Оризари и на изградба на 1414 метри на улицата „Мишо Арсов“ кон месноста Пресечена Скала, која излегува на главниот пат до селото Гратче.

Реализацијата на овие проекти е овозможена со мерката Развој на јавната инфраструктура во рурални средини преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе