Кратовскиот претседател на ВМРО ДПМНЕ со тешки навреди кон истакнати сопартијци

 Кратово, 05.03.2017

Нашиот интернет весник доби кратко писмо од Кратово. Името и презимето на авторот ни се познати, но на негова молба не ги објавуваме.

„Почитувани, го читаме редовно Вашиот Исток прес, многу ми се бендисува начинот на кој ги третирате темите, цениме дека сте отворени кон сите кои имаат што да кажат па согласно тоа Ви ја испраќаме оваа информација од нашето Кратово во надеж дека ќе ја објавите“, ни пишува нашиот читател.

Еве ја информацијата од Кратово:

-Претседателот на ОК Кратово Горан Ристовски продолжува со провокации врз членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ Кратово.

Откако незаконски беше поставен за директор на домот на култура вчеравечер со провокации и навреди кон истакнати членови продолжи со дивеење. Имено, во видно алкохозирана состојба со погрдни зборови Ристовски ги навредуваше поранешниот претседател и поранешниот технички секекретар на Општинскиот комитет, како и претседателот на ветераните на Партијата.

ГоранРистовски е познат љубител на алкохолот и провокатор, се вели во информацијата која Исток прес ја доби Кратово.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе