РУДНИК БУЧИМ: МЛАДИ МАКЕДОНЦИ ПОДДРЖАНИ ОД СВЕТСКИ ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВО МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ

Радовиш, 25.05.2022

Веќе шеста година по ред, со поддршка на рудникот Бучим, млади таленти од Македонија учествуваат во меѓународен едукативен проект, во кој што  секоја година по 15 млади македонски таленти на возраст од 13 до 17 години влегуваат во потесниот круг за добивање на уметничка стипендија за летниот оперски камп во Салцбург во Австрија. Во продолжение на 7 месеци, кандидатите учат историја на уметноста, го усовршуваат своето знаење по англиски јазик и вежбаат за изведба на онлајн опера. По завршетокот на курсот,  се избираат двајца финалисти кои што во август патуваат во Салцбург, каде што имаат можност да бидат дел на најпрестижниот европски фестивал.  Овогодинешните македонски кандидати,  учат од искуствата на оперски пејачи од Гватемала, Украина, танчери од холандскиот и англискиот национален  театар, како и моравскиот театар за опера и оперета.

Андријана Гонзалес, оперска дива од Гватемала
Андријана Гонзалес, оперска дива од Гватемала

За прв пат годинава,  Creative Fellowship оствари соработка со ликовни едукатори од американската непрофитна корпорација Opera on Tap. Оваа соработка ќе додаде уште една перспектива и нов културен пресврт на процесот на учење, во кој што во период од 8 недели талентираните македонци ќе бидат тренирани од тимот на американски изведувачи и уметнички едукатори за тоа како да пеат, танцуваат, раскажуваат наративи на странски јазици и создаваат костими.

@Creative.Fellowship иницијативата, организирана во партнерство со светски познатиот Салцбуршки фестивал најавува нова уметничка соработка која има за цел преку креативност да ги научи младите таленти на уметнички вештини.

Како резултат на ова извонредно искуство, тие ќе можат да пеат, глумат и танцуваат во нивните видеа од операта La Cenerentola (Пепелашка) на Росини. Ова креативно искуство ќе ги вклучи и младите македонци во проектот за истражување на операта на Playground, финансиран од Фондацијата Рене Флеминг, предводен од Opera on Tap. Со оваа нова соработка, младите македонски таленти добиваат можност да го подобрат развојот на сопствените вештини и да го зголемат својот креативен потенцијал, а воедно и да бидат препознати и видени од страна на врвни меѓународни уметници и да го прикажат својот талент пред меѓународната  музичка сцена.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе