Мртвите не можат да го соберат ѓубрето

Штип, 09.05.2017

Да можеа мртвите сигурно ќе го собереа ѓубрето од контејнерот кој е поставен пред последниот влез во новите гробишта  во Штип, каде ние ја направивме фотографијата која ја донесуваме во прилог на текстот. Вака, ѓубре околу контејнерот колку сакаш, вработените си дремат во канцлариите или бог знае каде, шефот на гробиштата си шета низ градот наместо да си ја гледа, односно да ја организира работата…

Ова не е единствен случај на јавашлук, неработа и неодговорност на ЈП „Исар“. Посебно откако во таа партијска келија на вемерето се соочија со стварноста дека повеќе не се власт во државата, дигнаа раце од се и тешко ги извршуваат работните задачи за кои се скромните плати на 44.000 штипјани.

Интересно е дека ѓубре расфрлано околу контејнери, што значи несобрано на време и квалитетно, може да се види и во многу делови од градот. Уште поинтересно е тоа што ваквите сцени стануваа масовни во време и услови кога штипското јавно претпријатие се пренатрупа со вработени, а работите одат на полошо.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе