На Боров Дол откриена рударска населба од рано античко време

Штип, 14.08.2017

  • Со заштитните археолошки истражувања констатирано е дека се работи за постоење на рударска населба со наоди од 6-5 век пред нашата ера. Со тоа се укажува дека оваа населба имала континуитет уште од раното античко време за што говорат откриените предмети од пајонско-македонска бронза.

Десеттина археолози од Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип и 120 лица работата на археолошки истражувања во месноста Боров Дол. Се истражува простор од 3.000 метри квадратни на подрачјето на општините Радовиш, Штип и Конче.

 м-р Митко Штерјов
м-р Митко Штерјов

„Го имаме во предвид фактот дека од ефикасноста на нашата работа на теренот ќе зависи и можноста за побрз старт на рудното тело Боров Дол со што се продолжува векот на работење на Бучим, единствениот рудник за бакар во Македонија. Во нашите планови е целиот процес да биде завршен до крајот на месец октомври, годинава“, вели м-р Митко Штерјов, директор на оваа штипска институција.

Заштитните археолошки истражувања се одвиваат на локалитетот „Врчва“ кој како археолошки локалитет е евидентиран во археолошката карта на Македонија.

„Со заштитните археолошки истражувања извршени во 2011 година констатирано е дека се работи за постоење на рударска населба со наоди од 6-5 век пред нашата ера. Со тоа се укажува дека оваа населба имала континуитет уште од раното античко време за што говорат откриените предмети од пајонско-македонска бронза. На „Врчва“ се откриени работилница за топење руда, рударски алатки и слично“, посочува Штерјов.

Првиот човек на штипскиот Музеј вели дека тие како институција биле обврзани комплетно да го истражат просторот, да го соберат движниот материјал и истиот да го обработат во Музејот по што ќе биде складиран во оваа институција.  Планирано е од целокупното истражување да се направи изложба и книга.

На Борово Дол работат десеттина археолози и 120 работници
На Борово Дол работат десеттина археолози и 120 работници

Николачјо Николов, управител на Боров Дол вели дека квалитетното завршување на истражните археолошки наоди е услов за добивање на дозвола за експлоатација на Боров Дол. Проектот за таа намена е во завршна фаза при што посебно внимание се посветтува на студијата за влијанието на Боров Дол врз животната средина.

Инаку, Заводот и музеј Штип од средината на идниот месец ќе започне со археолошки истражувања на локалитетот „Манастирче“ во близина на штипското село Чардаклика каде ќе минува новиот пат Штип-Кочани. Покрај ова Музејот се вклучува и во проектот на Министерството за култура „Нов културен бран“ а ќе се работи и на рекомпонирање на постојната етнолошка поставка.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе