ОВА ДЕТЕ-НАШЕ ДЕТЕ

(Кон премиерната изведба на претставата на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип, „Ова дете„ во режија на Александар Ивановски.

Годината кога Фестивалот на италијанската канцона „Сан Ремо“ го славеше својот 21. роденден, кога „Ричи е Повери“ го испееја суперхитот „Ќе сера“, ја помнам по она што мама ни го доне од ескурзијата по Италија: -Гондолата  што светкаше од сите страни  и од која се слушаа тивки звуци на ренеснасна музика и  огромната кукла облечена во фустанче  токму погодено за ноќните прошетки со гондола по каналите на Венеција.  Можеби на наведените моменти од детството немаше да се сетам, ако на тоа не ме наведе најновата претства на Народниот театар „Ова дете“. На куклата и гондолата,  возрасните дома, гледаа како на  сувенири, ние како на играчки со чија помош ќе можеме да влеземе во светот на возрасните. Бевме деца. Кулката, според сестра ми, требаше да биде нечие дете. И беше. Односот кон неа го манифестираше воспитниот процес низ кој минуваше. Тоа што и доаѓаше од насока на мама и тато – родителскта љубов, разбирањето, тоа го пренесуваше на „нејзиното дете“.Конзервативно како што во суштина е нашето воспитување, не и го отежнуваше односот со куклата како однос на грижлива мајка кон своето дете.

„Жени бидете мајќи и луѓето ќе станат и татковци и мажи!“  Ваквиот рев на Русо, се јавува како плод на неговите поимања за тоа – каде треба да се бара обединувањето на луѓето, меѓусебното  разбирања, во создавањето на силна држава. „Не ги одбивајте вашите деца од себе  – и целиот наш живот ќе биде изменет: кај луѓето повторно ќе се разбудат живите и здрави чувства и се што е непотребно и нечисто ќе исчезне самото од себе!“  Овие погледи за новото воспитување кои Русо ги излага во трудот „Емил или за воспитувањето“, го наоѓаат коренот и кај Рабле и Лок, кои исто така здравото општество, здравата и силна животна заедница ја темелат на здравата фамилија и воспитниот процес кој пред се треба да се темели врз природата на луѓето.

Авторот на пиесата „Ова дете“ не бега од ставовите на неокласичитарите, просветителите, сентименталистите, чии преставници ги наведовме погоре во текстот. Но, и во преносот на пораките-текстот, не бега од основните принципи врз кои треба да се темели добрата трагедија, оние зад кои се потпишува и Аристотел  – Стравот и емпатијата.  Стравот не наведува на помисла дека тоа и нам може да ни се случи, а епатијата се јавува кон страдањата на луѓето не по своја вина, од блиски роднини, татко, мајка, син итн.

Но, да се вратиме на подароците на мама, по враќањето од ескурзија по Италија, за да не останеме не доречени. Куклата, ја спомнав зашто актерите во своите сценски креации ми личеа на кукли кои во себе имаат снимен материјал, гоовор, што истекува од нивните усти без разлика на која страна ќе ги свртиш. Нивните декламаторски изјави како да ја  потискаа суштината на пораката, па затоа и на моменти недостасуваа чувствата на емпатија кои не треба да се јавуваат само како нужни изливи, туку и како нешто што го буди и рациото . Од актерскиот ансамбал  би ја издвои креацијата на Пеце Ристевски, во сценката каде игра глувонем, која не само што плени туку дава и содржина на сценскиот израз која е подготвена за комуникација, пренос на пораката, на високо уметничко ниво.

Режисерот на претставата целосно пренесен на текстот, се гледа дека има огромен пиетет кон  него и неговиот автор, како да подзаборава  дека фигурално предметната композиција  може да ги освојува сите страни и агли на просторот-сцена. Ги остава акатерите да декламираат па гледачот добива впечаток  дека присуствува на аудиција во која се јавуваат кандидати со научен текст, аспиранти за одредена сценска креација.

Сценографијата, костимите и музиката, беа на задоволително ниво, поготово костимите кои со бојата и кројките, креацијата, го даваат егалот, нужен  да се дообјасни агонот во претставата.

Во секој случај имавме можности да присуствуваме на уште една претстава која го води театарот кон респектабилни оценки од страната на публиката, која, пак,  со текот на времето, се надеваме  дека претставата ќе има повеќе репризи, ќе биде и дел од креативниот реалитет.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе