Осоговски Планини прогласени за заштитено подрачје – заштитен предел

Скопје, 26.02.2021

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија, Осоговските Планини стануваат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) и прво поголемо заштитено подрачје во нашата држава прогласено после Националниот парк „Галичица“ во 1958 година.

Долгогодишните истражувања на природните вредности во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), примената на швајцарското искуство во вакви процеси, како и примената на партиципативен пристап со различни релевантни чинители придонесоа кон успешноста на овој процес.

Присуството на бројни меѓународно и национално значајни видови и живеалишта, специфичните геоморфолошки појави, културното наследство како и вековната интеракција помеѓу човекот и природата што резултирала со појава на уникатни предели ги прават Осоговските Планини особено вредни за зачувување.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе