Охрид и Чаетина ќе спојуваат “море” и планина

Охрид, 29.Ноември 2017

– Охрид има море, како што Чаетина го има Златибор. Охрид нема ски-центри, како што Чаетина нема летни плажи. Но, ако се здружат и Охрид и Чаетина ќе го имаат и едното и другото – во пакет за своите пнуди.

IMG_20171129_121537Токму вака, заменик градоначалникот на општина Чаетина, Република Србија, Арсен Ѓуриќ ја почна презентацијата на потенцијалите на зимско-рекреативниот центар Златибор, еден од најголемите и најмодерните сместувчки капацитети на Балканот.

– Комплексот Златибор располага со дваесетина хотели, добар дел од нив со највисоки стандарди, како што се Паласад, Златибор – Мона, Олимп, Идила, Мир и други. Тука се во припомош и селското туристичко стопанство,  како и домашните пансиони, куќи и апартмани.Тука се селските и хотелски специјалитети, врвни мајстори на гастрономијата, љубезноста и искуството, од 1750-та година до денес. Од престојот на крал Александар во 1893 година,  почнува организиран развој на туризмот на Златибор – посочи  Ѓуриќ.

Поконкретно за условите, цените на сместувањето, поволоностите за организирани групи и слично, говореше Јелица Тошиќ,од Туристичката организација “Златибор”.

-Тука сме како гости на ТЛЕР на општина Охрид и хотелот “Ривиера” во центарот на градот. Со нив сакаме да го споделиме и споиме убавото и корисното. Охрид е преубав град, но и Златибор е планина со извонредна убавина, пријатна клима и благо поднебје, со планиснки потоци и пространи пасишта, со местоположба на магистралниот пат од Белград кон црногорското приморје. За гостите организираме богата културна програма, во текот на целата година, како и излети на блиски и подалечни туристички дестинации, како што се прочуеното Сирогојно, преубавата Тара,специјалните резервати на природата Увац, Манастир Милешева и Вишеград.Сето тоа, особнено со довршувањето на магистралата кај Грделичка клисура и од Кичево до Охрид, ќе стане достапно- во двата правци, рече Тошиќ.

Гостите, од Чаетина, во улога на домаќини, како штои м доликува,презентацијата ја закитија со прочуениот кашкавал и специјалитетите на “Златиборац”!

(Крај)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе