Партија на пензионери: Од стапувањето на оваа власт пензиите зголемени за 1.740 денари

Скопје, 09.12.2019

G02
Илија Николовски

Партијата на пензионери ги интензивира активностите во пресрет на најавените парламентарни избори за месец април 2020 година. На состанок на Извршниот одбор со претседателите на Општинските организации на партијата, со кој раководеше претседателот на ПП Илија Николовски, актуелен пратеник во Собранието на нашата држава, се разговаше на повеќе теми од значење за натамошниот развој на државата.

-Се наоѓаме непосредно пред приемот во НАТО, што претставува голема придобивка на сегашната коалиција на власт во државата. Со тоа се отвораат големи перспективи на безбедносен, економски, културен и на други планови, рече Николовски.

Раководството на партијата, на чело со Претседателот Илија Николовски, генералниот секретар Миле Андоновски, организациониот секретар Вангел Димков, и други членови на Извршниот одбор и Претседатели на Општински организации се во состојба на зголемена активност и активно даваат свој квалитетен придонес на трибините кои се одржуваат по градовите во координација и со заедничко учество со коалициониот партнер СДСМ.

-Раководството на Партијата одржа заеднички состаноци со министерката на МТСП Мила Царовска и Пратседателот на Владата Зоран Заев, на кои се координираа ставовите во социјалната сфера, а кои се од интерес на пензионерите. Ова посебно се однесува на претстојното зголемување на пензиите во текот на 2020 година, кое зголемување ќе изнесува околу 900 денари. Николовски  информираше дека по оваа мерка на коалиција на власт пензиите во државата просечно се зголемени што претставува голем успех. Досега 44 проценти од пензионерите  имаа пензии под 12.000,00 денари, посочи претседателот Николовски.

Според Николовски, приходите во ФПИОМ во последната година се зголемени за околу 10 проценти, а дефицитот е намален за 3.700.000.000 денари. Растот на пензиите ќе се реализира и дополнително со пораст на БДП над 4 проценти.

Во овој период остварни се работни средби со Здруженијата на пензионери од Прилеп и Битола и со нив е договорена натамошна соработка.

-Сакам посебно да информирам дека во собраниска процедура се ЗБСП, Законот за откуп на станови, Закон за усогласување на пензиите во МВР, а ќе следи и за АРМ и други закони. За ЗБСП ќе се внесат измени и дополненија, а кои се по  предлог на нашата партија, а во интерес на пензионерите. Овде посебно се однесува на зголемувањето на старосната граница за продолжување на возачката дозвола на 75 години, објави Николовски.

Во наредниот период во СДСМ ќе се организираат посети на домовите на членството и симпатизерите ,,од врата на врата“, а Партијата на пензионери, со оглед на возраста на членството и активистите ќе ја разгледа можноста за делување и посети со метод ,,од клуб до клуб“, заврши Николовски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе